Off прекинувачот (1).
• За исклучување, турнете го наназад On/
Off прекинувачот (1).
За избор на брзина се користи тркалото за
избор на брзина. Тркалото за избор на брзина
може да се
постави во 6 положби. Идеалната брзина
зависи од видот на обработката и од
обработуваниот материјал.
Не избирајте брзина за време на
работа.
• Вртете го тркалото за избор (2) во
сакана положба.
• Стегнете го работното парче.
Користете стеги за мали парчиња.
• Нацртајте линија за насока на водење на
приборот.
• Држете ја машината цврсто за дршката.
• Вклучете ја машината.
• Почекајте машината да достигне полна
брзина.
• Поставете го приборот врз работното
парче.
• Полека движете ја машината по
линијата, притискајќи го приборот врз
работното парче.
• Не притискајте премногу врз машината.
Оставете машината да ја заврши
работата.
• Исклучете ја машината и почекајте
целосно да се сопре, пред да ја одложите.
Пред чистење и одржување
исклучете ја машината и извадете
го приклучокот од главниот напон.
● Редовно чистете го куќиштето со
мекана крпа.
● Чувајте ги отворите за вентилација
чисти, без прашина. Ако е потребно,
користете мекана, влажна крпа за
отстранување на прашина и нечистотии
од отворите за вентилација.
Истрошен и оштетен прибор мора веднаш да
се смени.
Користете само остар и неоштетен
прибор.
• За отстранување на приборот,
постапете според описот во
соодветното поглавје.
• За монтирање на приборот, постапете
според описот во соодветното поглавје.
Редовно проверувајте ги јаглените четкички.
Ако четкичките се истрошени, машината ќе
работи нерамномерно.
Користете само точни оригинални
четкички.
• Отстранете го држачот на четкички
(13) со помош на одвртувач.
• Исчистете ги јаглените четкички
• Во случај на трошење, сменете ги двете
четкички во исто време.
• Монтирајте го држачот на четкички (13)
со помош на одвртувач.
• После монтирањето на новите
четкички, пуштете ја машината да
работи 15 min без оптеретување.
Видете ги приложените гарантни термини.
Производот, приборот и
пакувањето мораат да се
сортираат за еколошко
рециклирање.
Не ги депонирајте алатите во домашен отпад.