10
Зошто не е ажурирана содржината што се прикажува на веб-страницата за управување со
кориснички интерфејс?
Во зависност од кешот на вашиот прелистувач, содржината за вашиот уред на веб-страницата за управување
со кориснички интерфејс може да не е ажурирана. Мануелно исчистете го кешот на вашиот прелистувач (на
пример, отворете го рпелистувачот и изберете Интернет опции > Општо > Историја на прелистување >
Избриши) и одново отворете ја веб-страницата за управување со кориснички интерфејс.
8 Решавање проблеми
Зошто показателот е црвен откако завршив со конфигурирање на насочувачот?
1. Проверете дали функционира микро-SIM картичката и дали е правилно вметната.
2. Преместете го насочувачот на отворен простор каде што нема препреки и проверете дали има достапна
мобилна мрежа во вашата област.
3. Д
околку проблемот продолжи, стапете во контакт со давателот на мрежни услуги.
Зошто показателот за статус останува тиркизен,син или жолт, а показателот е
исклучен?
Вашата мобилна мрежа е со слаб прием. Преместете го ансочувачот на место со подобар прием.
Зошто не можам да пристапам до веб-страницата за управување на рутерот?
1. Проверете дали вашиоткомпјутер е поврзан со насочувачот преку Етернет кабел или Wi-Fi.
2. Проверете дали вашиот компјутер е поставен автоматски да добие IP-адреса и адреса на DNS сервер.
3. Престартувајте го вашиот прелистувач или пробајте да користите друг прелистувач.
4. Ако проблемот продолжи, вратете го насочувачот на неговите фабрички поставки.