EasyManua.ls Logo

Huawei E5785-330 - МакедонскиСтавете SIM-картичкаСтавете ја SIM-картичката во отворот со страната со чипот свртена надолу и страната со жлебот свртена кон надвор.Вклучување на Mobile WiFiПритиснете го и задржете го копчето за вклучување;исклучување за да го вклучите Mobile WiFi. Mobile WiFi автоматски пребарува за сигнали од мобилни мрежи откако ќе се вклучи.Видете во делот ЧПП подолу ако Mobile WiFi не прима сигнал или ако приемот на сигнал е слаб.Пристапување на интернетПоврзете го уредот на Mobile WiFi за да пристапите на интернет. Притиснете го копчето МЕНИ (MENU) на Mobile WiFi за да влезете во екранот на менито и да ги проверите името (SSID) и лозинката (PWD) на мрежата Wi-Fi.Погледнете во делот ЧПП подолу ако не можете да пристапите на интернет откако ќе се поврзете на Mobile WiFi.Управување со уредиКористење на апликацијата: може да го скенирате QR-кодот подолу за да ја преземете апликацијата за управување со уредот за да управувате со Mobile WiFi, на пример, за да го промените името или лозинката за Wi-Fi или да го проверите користењето податоци.Ако не можете да додадете уред во апликацијата, проверете дали ја користите најновата верзија.Користење прелистувач: Може да управувате со Mobile WiFi со користење на страницата за управување преку веб. Притиснете го копчето Мени (Menu) на Mobile WiFi за да влезете во екранот на менито и да ги видите стандардната ИП-адреса, лозинката итн.•Ако не можете да ја посетите страницата за управување преку веб, проверете дали мобилниот телефон или компјутерот се поврзани на Mobile WiFi.•Препорачуваме да ги промените стандардните име и лозинка за Wi-Fi, како и стандардната лозинка за најавување за да бидете сигурни дека податоците се безбедни.ПолнењеКористете ги оригиналните кабел за полнење и адаптер за напојување.Адаптерот за напојување е изборен додаток. Ако не е вклучен во пакувањето, може да го купите посебно од продавница.ИзгледКопче за вклучување;исклучувањеLCD-екранПорта за USBКопче МЕНИОтвор за SIM-картичкаКопче за Ресетирање (Reset)За да го исклучите Mobile WiFi: притиснете го и задржете го копчето за вклучување;исклучување додека не се исклучи LCD-екранот.За да го вратите Mobile WiFi на фабричките поставки: користете игла за да го притиснете и задржите копчето за Ресетирање додека Mobile WiFi се вклучува.ЧППШто да направам ако Mobile WiFi не може да прими никаков сигнал или не може да се поврзе на интернет?•Уверете се дека SIM-картичката е со правилна големина и е ставена правилно во отворот.•Потврдете дека имате доволно кредит на SIM-картичката. Ако SIM-картичката е нова, уверете се дека има пристап на интернет.•Можеби е овозможена карактеристиката за потврдување со PIN. 1) Отворете ја апликацијата за управување со уредот и одете до Напредни поставки (Advanced Settings) > Управување со PIN (PIN Management) за да го внесете точниот PIN-код. 2) Оневозможете ја оваа карактеристика ако не сакате постојано да го внесувате PIN-кодот.•Ако проблемот продолжи да се појавува, вратете го Mobile WiFi на фабричките поставки и обидете се повторно.Што да направам ако јачината на сигналот на Mobile WiFi е слаба или интернетот е бавен?•Приближете го Mobile WiFi до прозорец или користете го во отворена област за да има подобар прием на сигналот.•Сепак, ако мобилниот телефон прима сигнал со добра јачина на истото место на коешто е поставен Mobile WiFi, вратете го Mobile WiFi на фабричките поставки и обидете се повторно.Погледнете во делот Изглед погоре за да го вратите Mobile WiFi на фабричките поставки.Што да направам ако не можам да го поврзам Mobile WiFi откако не бил активен некое време?Mobile WiFi можеби е во режим на мирување или е исклучен.•Притиснете го копчето за вклучување;исклучување на Mobile WiFi. Ако LCD-екранот се вклучи, Mobile WiFi бил во режим на мирување. Во овој режим, Mobile WiFi автоматски оневозможува Wi-Fi за да заштеди енергија. Може да го оневозможите режимот на мирување преку апликацијата за управување со уредот.•Ако нема реакција откако ќе го притиснете копчето за вклучување;исклучување, Mobile WiFi е исклучен. Притиснете го и задржете го копчето за вклучување;исклучување за да го вклучите повторно.Не користете го Mobile WiFi каде што е забрането користење активни безжични уреди (како што е при авионски лет) и уверете се дека е исклучен.Правна напоменаПроизводот опишан во ова упатство може да содржи софтвер на даватели на лиценци којшто е заштитен со авторски права. Купувачите никако не смеат да го репродуцираат, дистрибуираат, изменуваат, разделуваат, расклопуваат, дешифрираат, извлекуваат, расчленуваат, изнајмуваат, доделуваат или подлиценцираат наведениот софтвер, освен ако таквите ограничувања не се забранети со важечките закони или таквите дејства се одобрени од соодветните носители на авторските права.Трговски марки и дозволиLTE е трговска марка на ETSI.Wi-Fi, логото Wi-Fi CERTIFIED и логото Wi-Fi се трговски марки на Wi-Fi Alliance.Другите споменати трговски марки, називи на производи, услуги и трговски друштва може да се во сопственост на нивните односни сопственици.НапоменаНекои карактеристики на производот и неговите додатоци опишани овде се потпираат врз инсталираниот софтвер, капацитетот и параметрите на локалната мрежа и затоа може да не се активираат или може да се ограничени од страна на операторите на локалните мрежи или давателите на мрежни услуги.Така, описот тука може да не се совпаѓа целосно со купениот производ или неговите додатоци.Го задржуваме правото да ги измениме или преиначиме информациите или спецификациите содржани во ова упатство без претходна најава и без никаква одговорност.ОГРАДУВАЊЕЦЕЛА СОДРЖИНА ВО ОВА УПАТСТВО Е ДАДЕНА КАКО ШТО Е“. ОСВЕН КАДЕ ШТО СЕ БАРА СО ПРИМЕНЛИВИТЕ ЗАКОНИ, НИКАКВИ ГАРАНЦИИ, ИЗРЕЧНИ ИЛИ ИМПЛИЦИРАНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА ИМПЛИЦИРАНИТЕ ГАРАНЦИИ ЗА СОСТОЈБАТА И СООДВЕТНОСТА ЗА КОНКРЕТНА НАМЕНА, НЕ СЕ ДАВААТ ВО ВРСКА СО ТОЧНОСТА, ВЕРОДОСТОЈНОСТА ИЛИ СОДРЖИНАТА НА ОВА УПАТСТВО.ДО МАКСИМАЛЕН СТЕПЕН ШТО Е ДОЗВОЛЕН ОД ПРИМЕНЛИВИ ЗАКОНИ, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ SOYEA НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА НИКАКВИ СПЕЦИЈАЛНИ, ИНЦИДЕНТНИ, ИНДИРЕКТНИ ИЛИ ПОСЛЕДИЧНИ ШТЕТИ ИЛИ ГУБЕЊЕ НА ПРОФИТ, ДЕЛОВНИ АКТИВНОСТИ, ДОХОД, ПОДАТОЦИ, ЗАШТЕДИ НА ИДЕН ПРОФИТ ИЛИ ПРЕДВИДЕНИ ЗАШТЕДИ БЕЗ ОГЛЕД НА ТОА ДАЛИ ТАКВИТЕ ЗАГУБИ МОЖАТ ДА СЕ ПРЕДВИДАТ ИЛИ НЕ.НАЈГОЛЕМАТА ОДГОВОРНОСТ (ОВА ОГРАНИЧУВАЊЕ НЕ ВАЖИ ЗА ОДГОВОРНОСТ ЗА ЛИЧНА ПОВРЕДА ОНОЛКУ КОЛКУ ШТО ПРИМЕНЛИВИТЕ ЗАКОНИ ГО ЗАБРАНУВААТ ТАКВОТО ОГРАНИЧУВАЊЕ) НА SOYEA КОЈАШТО ПРОИЗЛЕГУВА ОД УПОТРЕБАТА НА ПРОИЗВОДОТ ОПИШАН ВО ОВА УПАТСТВО СЕ ОГРАНИЧУВА НА ИЗНОСОТ ШТО ГО ПЛАТИЛ КУПУВАЧОТ ЗА КУПУВАЊЕТО НА ОВОЈ ПРОИЗВОД.Прописи за увоз и извозКупувачите ќе ги почитуваат сите важечки закони и прописи за извоз или увоз и се одговорни да ги обезбедат сите потребни владини дозволи и лиценци за извоз, повторен извоз или увоз на производот споменат во ова упатство, вклучувајќи ги и софтверот и техничките податоци содржани во него.Политика за приватностЗа да дознаете како ги користиме и ги штитиме вашите лични информации на овој уред, пристапете до страницата за управување преку веб или страницата за детални информации за уредот во апликацијата за управување со уредот и прочитајте го документот Изјава за приватност за мобилни широкопојасни уреди за да дознаете за нашата политика за приватност.Ажурирање на софтверАко продолжите да го користите овој уред, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со следниве содржини:За да обезбеди подобра услуга, уредот автоматски ќе добива информации за ажурирање на софтверот од SOYEA или од операторот откако ќе се поврзе на интернет. Овој процес ќе користи мобилни податоци и треба да пристапи до единствениот идентификатор на уредот (сериски број) и мрежниот идентитет на давателот на услугите (PLMN) за да провери дали уредот треба да се ажурира.Овој уред ја поддржува карактеристиката за автоматско ажурирање. Откако ќе се овозможи, уредот автоматски ќе презема и ќе инсталира критични ажурирања од SOYEA или од вашиот оператор. Оваа карактеристика е стандардно овозможена и може да се конфигурира од менито за поставки на страницата за управување преку веб.Безбедносни информацииОва поглавје содржи важни информации што се однесуваат на работата на уредот. Содржи и информации за тоа како да го користите уредот безбедно. Прочитајте ги информациите внимателно пред да го користите уредот.Електронски уредНе го користете уредот доколку е забрането да се употребува. Не го користете уредот ако неговата употреба предизвикува опасност или пречки на други електронски уреди.Пречки во медицинската опрема•Почитувајте ги правилата и прописите што ги утврдуваат болниците и другите објекти за здравствена заштита. Не го користете уредот онаму каде што е забранета неговата употреба.•Некои безжични уреди може да влијаат врз работата на слушните помагала или пејсмејкерите. Обратете се до давателот на услугата за повеќе информации.•Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува најмало растојание од 15 см меѓу уредот и пејсмејкерот за да се спречат потенцијални пречки на пејсмејкерот. Ако користите пејсмејкер, користете го уредот од спротивната страна на пејсмејкерот и не го носете уредот во предниот џеб.Области со запалив материјал и експлозиви•Не го користете уредот на места каде што се складираат запаливи материјали или експлозиви (на бензиска пумпа, склад за нафта или хемиски погон, на пример). Користењето на уредот во таква средина го зголемува ризикот од експлозија или пожар. Исто така, следете ги упатствата во форма на текст или симболи.•Не го чувајте или транспортирајте уредот во контејнери со запаливи течности, гасови или експлозиви.Безбедност во сообраќајот•Почитувајте ги локалните закони и прописи кога го користите уредот. За да го намалите ризикот од незгоди, не го користете безжичниот уред додека возите.•Концентрирајте се на возењето. Прва одговорност Ви е да возите безбедно.•Радиофреквентните сигнали може да влијаат врз електронските системи на моторните возила. За повеќе информации, обратете се кај производителот на возилото.•Не го ставајте уредот врз воздушно перниче или во просторот каде се отвора воздушното перниче во моторното возило. Во спротивно, воздушното перниче, доколку се активира, може да Ве повреди.•Не го користете уредот додека летате со авион или пред самото качување во авион. Користењето на безжичен уред во авион може да ги попречи безжичните мрежи, да го загрози управувањето со авионот или да е противзаконско.Средина за работа•Избегнувајте места со прав, влага или нечистотија. Избегнувајте магнетни полиња. Користењето на уредот во таква средина може да предизвика нарушување на струјното коло.•Не го користете уредот за време на грмотевици за да го заштитите од секаква штета предизвикана од гром.•Идеални температури за работа се 0 °C до 35 °C. Идеални температури за чување се -20 °C до +60 °C. Екстремна топлина или студ може да го оштети уредот или дополнителната опрема.•Чувајте го уредот и дополнителната опрема во добро проветрена и студена просторија без директна изложеност на сонце. Не го виткајте или покривајте уредот со крпи или други предмети. Не го поставувајте уредот во предмети што задржуваат топлина, како на пример, кутија или кеса.•Не го изложувајте уредот на директна сончева светлина (како на пример, на контролна табла на автомобил) подолг временски период.•За да го заштитите уредот или дополнителната опрема од опасност од пожар или електрични шокови, избегнувајте дожд и влага.•Чувајте го уредот подалеку од извори на топлина и оган, како што се греалка, микробранова печка, шпорет, бојлер, радијатор или свеќа.•Направете пауза во користењето на уредот или апликациите доколку уредот се прегрее. Доколку кожата е изложена на прегреан уред подолг временски период, може да се јават симптоми на изгореници, како што се црвени точки или потемна пигментација.•Не ја допирајте антената на уредот. Во спротивно, може да се намали квалитетот на врските.•Не дозволувајте деца или домашни миленици да го гризат или шмукаат уредот или дополнителната опрема. Тоа може да предизвика штета или експлозија.•Почитувајте ги локалните закони и прописи, како и приватноста и законските права на другите.Безбедност на децата•Почитувајте ги сите мерки за претпазливост што се однесуваат на безбедноста на децата. Децата не смеат да си играат со уредот или дополнителната опрема бидејќи тоа може да биде опасно. Уредот содржи ситни делови што може да се одвојат и да предизвикаат опасност од задушување. Да се чува подалеку од дофат на деца.•Уредот и дополнителната опрема не се наменети за деца. Секое користење на уредот од страна на деца треба да биде под надзор на возрасно лице.Дополнителна опрема•Користењето на неодобрен или некомпатибилен адаптер за напојување, полнач или батерија може да предизвика пожар, експлозија или друга опасност.•Избирајте само дополнителна опрема одобрена за употреба за овој модел од страна на производителот на уредот. Користењето на други типови дополнителна опрема може да доведе до поништување на гаранцијата, кршење на локалните прописи и закони, и може да биде опасно. Обратете се кај продавачот за повеќе информации околу достапноста на одобрената дополнителна опрема во Вашиот регион.Безбедност на полначот•За приклучливите уреди, штекерот треба да биде во близина на уредите и да биде лесно достапен.•Исклучете ги полначот од штекерот и од уредот кога не го користите.•Не го испуштајте полначот и не го изложувајте на удари.•Ако кабелот за струја е оштетен (на пр., жиците се гледаат или се прекинати), или приклучокот се разлабави, веднаш престанете да го користите. Продолженото користење може да доведе до електрични шокови, кратки споеви или пожар.•Не ги допирајте уредот или полначот со влажни раце. Тоа може да доведе до кратки споеви, дефекти или електрични шокови.•Уверете се дека адаптерот за напојување ги исполнува барањата од Додаток Q од IEC;EN 62368-1 и дека е тестиран и одобрен според националните или локалните стандарди.•Поврзувајте го уредот само со производи со логото USB-IF или производи што се придржуваат до програмата за усогласеност со USB-IF.Безбедност на батеријата•Не ги поврзувајте половите на батеријата со проводници, како што се клучеви, накит, или други метални предмети. Тоа може да доведе до краток спој на батеријата и да предизвика повреди или изгореници.•Чувајте ја батеријата подалеку од прекумерна топлина и директна сончева светлина. Не ја поставувајте на или во уреди за затоплување, како што се микробранови печки, шпорети, или радијатори. Батеријата може да експлодира доколку се прегрее.•Не се обидувајте да ја модифицирате или одново да ја составувате батеријата, да вметнувате туѓи предмети во батеријата или да ја потопувате или изложувате на вода или други течности. Тоа може да предизвика пожар, експлозира или други опасности.•Во случај на истекување на батеријата, спречете директен контакт на течноста од батеријата со кожата или очите. Доколку течноста од батеријата дојде во контакт со кожата или Ви прсне во очите, веднаш исплакнете ги опфатените области со чиста вода и побарајте медицинска помош.•Доколку батеријата ја промени формата, бојата, или се прегрее при полнење или складирање, веднаш запрете со користењето на уредот и отстранете ја батеријата. Продолженото користење може да доведе до истекување на батеријата, пожар или експлозија.•Не ги ставајте батериите во оган бидејќи може да експлодираат. Оштетените батерии исто така може да експлодираат.•Користените батерии треба да се одложат во согласност со локалните прописи. Несоодветното користење на батериите може да предизвика пожар, експлозија или други опасности.•Не дозволуваје деца или домашни миленици да ја гризат или шмукаат батеријата. Тоа може да предизвика штета или експлозија.•Не ја кршете или пробивајте батеријата, и не ја изложувајте на висок надворешен притисок. Тоа може да предизвика краток спој или прегревање.•Не го испуштајте уредот или батеријата. Испуштањето на уредот или батеријата, особено на цврста површина, може да ги оштети.•Доколку времето на мирување на уредот значително се намали, заменете ја батеријата.•Кога уредот има вградена батерија што не може да се отстрани, не обидувајте се да ја отстраните батеријата, затоа што така може да го оштетите уредот.Чистење и одржување•Уредот и дополнителната опрема да се чуваат суви. Не го сушете уредот со надворешен извор на топлина, како што е микробранова печка или фен за коса.•Не го изложувајте уредот или дополнителната опрема на екстремна топлина или студ. Таквата средина може да го попречи правилното функционирање и може да доведе до пожар или експлозија.•Заштитете го уредот од удари што може да предизвикаат дефекти, прегревање, пожар или експлозија.•Пред да започнете со чистење или одржување на уредот, запрете со негова употреба, запрете ги сите апликации и исклучете ги сите кабли поврзани на него.•Не користете хемиски детергенти, прашок или други хемиски средства (како алкохол и бензен) за чистење на уредот или дополнителната опрема. Таквите супстанции може да ги оштетат деловите или да предизвикаат опасност од пожар. Користете чиста, мека и сува крпа за да го исчистите уредот и дополнителната опрема.•Не оставајте картички со магнетна лента, како што се кредитни или телефонски картички, во близина на уредот подолг временски период. Во спротивно, картичките со магнетната лента може да се оштетат.•Не расклопувајте ги и не составувајте ги повторно уредот и додатоците. Со тоа се поништува гаранцијата и производителот се ослободува од одговорност за штетата.Информации за одложување и рециклирањеСимболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата значат дека производите и батериите треба да се однесат во посебни места за собирање отпад одредени од локалните власти по крајот на работниот век. На тој начин ќе се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската опрема ќе се рециклира и ќе се третира на начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува здравјето на луѓето и околината.За повеќе информации, контактирајте со локалните власти, продавачот или службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата https:;;www.soyea-tech.com.Намалување на опасни супстанцииУредот и неговите електронски додатоци се во согласност со применливите локални правила за ограничување на употребата на одредени штетни супстанции во електрична и електронска опрема, како што се регулативата EU REACH и директивите RoHS и Батерии (каде што се вклучени) и др. За изјави за сообразност за REACH и RoHS, посетете ја нашата веб-локација https:;;www.soyea-tech.com.Усогласеност со прописите на ЕУБарања за изложеност на радиофрекенцииВажни безбедносни информации во однос на изложеноста на радијација од радиофревенции (RF):Упатствата за изложеност на радиофреквенции бараат уредот да се користи на најмала оддалеченост од 0.5 см од човековото тело. Непочитувањето на овие упатства може да доведе до надминување на ограничувањата за изложеност на радиофреквенции.Информации за сертификатот (SAR)Овој уред ги исполнува упатствата за изложување на радиобранови.Уредот е радио-примопредавател со мала моќност. Како што е препорачано со меѓународните упатства, уредот е конструиран така што не ги надминува ограничувањата за изложеност на радиобранови. Овие упатства се изготвени од Меѓународната комисија за заштита од нејонизирачки зрачења (ICNIRP), независна научна организација, и вклучуваат безбедносни мерки составени за да осигураат безбедност за сите корисници, без оглед на возраста и здравјето.Специфичната стапка на апсорпција (SAR) е единица мерка за количеството радиофреквентна енергија што ја апсорбира телото кога користи некој уред. Вредноста на SAR се одредува на највисокото одобрено ниво на моќност во лабораториски услови, но вистинското ниво на SAR на уредот додека работи може да е многу пониско од таа вредност. Причината за ова е тоа што уредот е конструиран да ја користи најмалата моќност потребна за комуникација со мрежата.Ограничувањето на SAR усвоен во Европа е 2.0 W;kg во просек на 10 грама ткиво, а највисоката вредност на SAR на овој уред е во согласност со тоа ограничување.ИзјаваСо овој документ, SOYEA TECHNOLOGY CO., LTD. изјавува дека уредот E5785-330 е во согласност со неопходните барања и другите релевантни одредби од Директивата 2014;53;ЕУ.Најновата и важечка верзија на ИС (Изјава за сообразност) може да се види на https:;;www.soyea-tech.com.Овој уред може да се користи во сите земји-членки на ЕУ.Почитувајте ги националните и локалните прописи каде што се користи уредот.Овој уред може да биде ограничен за употреба, во зависност од локалната мрежа.Ограничувања во опсегот од 5 GHz:Фреквентниот опсег од 5150 до 5350 MHz е ограничен на употреба во затворен простор во следниве земји: AT, BE, BG, CH, CY, CZ, DE, DK, EE, EL, ES, FI, FR, HR, HU, IE, IS, IT, LI, LT, LU, LV, MT, NL, NO, PL, PT, RO, SE, SI, SK, TR, UK(NI).Фреквенциски опсези и моќност(a) Фреквенциски опсези на работење на радио опремата: Некои опсези може да не се достапни во сите земји или сите области. Контактирајте со локалниот оператор за подетални информации.(б) Максимална радио-фреквенциска моќност емитувана во фреквенциските опсези во кои работи радио опремата: Максималната моќност за сите опсези е помала од највисоката гранична вредност наведена во соодветниот Хармонизиран стандард.Номиналните ограничувања на фреквенциските опсези и емитувачката енергија (зрачена и;или емитувана) применливи за оваа радио опрема се како што следи: WCDMA900;2100: 25.7 dBm, LTE Band 1;3;7;8;20;28;38;40: 25.7 dBm, LTE Band 42: 26 dBm, Wi-Fi 2.4 G: 20 dBm, Wi-Fi 5 G: 5150-5350 MHz: 23 dBm, 5470-5725 MHz: 23 dBm.Додатоци и Информации за софтверотНекои додатоци се изборни во одредени земји или региони. Изборните додатоци може да се купат од лиценциран снабдувач, според потребите. Се препорачуваат следниве додатоци:Адаптери: HW-050200 X02 (X ги претставува различните видови на приклучоци што се користат, кои може да бидат или C, U, J, E, B, A, I, R, Z или K, во зависност од вашиот регион)Батерии: HB824666 RBCВерзијата на софтвер на производот е 11.0.2.1(H380 SP24 C00). Ажурирањата на софтверот ќе бидат објавени од производителот за поправање на грешки или збогатување на функциите по пуштањето на производот во продажба. Сите верзии на софтвер објавени од производителот се потврдени и сеуште се сообразни со поврзаните прописи.Сите параметри на РФ (на пример, фреквенциски опсег и излезна моќност) не се достапни за корисникот и не може да бидат сменети од страна на корисникот.За најнови информации за додатоци и софтвер, видете ја ИС (Изјава за сообразност) на https:;;www.soyea-tech.com.; Ставете SIM-картичка; Вклучување на Mobile WiFi

Huawei E5785-330
400 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Македонски
Ставете SIM-картичка
Ставете ја SIM-картичката во отворот со страната со чипот
свртена надолу и страната со жлебот свртена кон надвор.
mini-SIM (2FF)
micro-SIM (3FF)
nano-SIM (4FF)
Вклучување на Mobile WiFi
Притиснете го и задржете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите Mobile WiFi. Mobile WiFi
автоматски пребарува за сигнали од мобилни мрежи откако ќе
се вклучи.
Видете во делот ЧПП подолу ако Mobile WiFi не прима
сигнал или ако приемот на сигнал е слаб.
328

Table of Contents

Other manuals for Huawei E5785-330

Related product manuals