68 МАКЕДОНСКИ
МАКЕДОНСКИ (Оригинални упатства)
СПЕЦИФИКАЦИИ
Модел: 9565CR 9565CVR
Применливо брусно тркало Макс. дијаметар на каменот
за брусење
125 мм
Макс. дебелина на тркалото 7,2 мм
Применливо тркало за
сечење
Макс. дијаметар на каменот
за брусење
125 мм
Макс. дебелина на тркалото 3,2 мм
Применлива кружна жичена
четка
Макс. дијаметар на каменот
за брусење
125 мм
Макс. дебелина на тркалото 20 мм
Навој на вретеното M14 или 5/8″ (во зависност од земјата)
Макс. должина на вретеното 23 мм
Брзина без оптоварување (n
0
) / Номинална брзина (n) 12.000 мин.
-1
Вкупна должина 299 мм
Нето тежина 2,4 - 3,5 кг 2,3 - 3,5 кг
Класа на безбедност
/II
• Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите тука подлежат на
промена без најава.
• Спецификациите може да се разликуваат од држава до држава.
• Тежината може да се разликува во зависност од додатоците. Најлесната и најтешката комбинација,
согласно процедурата на ЕПТА 01/2014 (Европската асоцијација за електрични алати), се прикажани во
табелата.
Симболи
Долунаведените ги прикажуваат симболите што
може да се користат кај опремата. Пред употребата,
проверете дали го разбирате нивното значење.
Прочитајте го упатството за користење.
Носете безбедносни очила.
Секогаш работете со две раце.
Не користете го штитникот за тркало за
операции на сечење.
ДВОЈНА ИЗОЛАЦИЈА
Само за земјите на ЕУ
Поради присуство на опасни компоненти
во опремата, користената електрична
и електронска опрема може да влијае
негативно врз животната средина и
човековото здравје.
Не фрлајте ги електричните и
електронските апарати во домашниот
отпад!
Во согласност со Европската директива
за фрлање електрична и електронска
опрема и нивната адаптација во
државниот закон, користената
електрична и електронска опрема треба
да се собира одделно и да се достави на
посебно место за собирање општински
отпад, во согласност со прописите за
заштита на животната средина.
Ова е означено со симболот на
пречкртана корпа за отпадоци ставен на
опремата.
Наменета употреба
Алатот е наменет за брусење, стругање, жичено
четкање, сечење отвори и сечење метал и камен без
користење вода.
Напојување
Алатот треба да се поврзува само со напојување со
ист напон како што е назначено на плочката и може
да работи само на еднофазна наизменична струја.
Алатот е двојно изолиран и може да се користи и со
приклучоци што не се заземјени.