105МАКЕДОНСКИ
Полнење на резервоарот за вода
Внимание
• Пред да го искористите бокалот за да измерите количина на вода,
исплакнете го бокалот и проверете дали е чист.
• Пред да го искористите бокалот за да измерите количина на вода,
проверете дали единицата со сечила, вклучувајќи ја и заптивката
на оската на сечилата, е правилно поставена. Рамната страна на
заптивката на оската на сечилата треба да биде свртена нагоре
(сл. x).
Забелешка
• Погрижете се водата во резервоарот да не преминува 180 ml.
Индикацијата за ниво на водата може да се најде на бокалот за
блендирање.
• Препорачуваме да се користи мека или прочистена вода, бидејќи
минералите во минералната вода или водата од чешма може да
предизвикаат побрзо таложење на бигор во резервоарот за вода.
• Освен бел оцет за отстранување на бигорот и вода, никогаш не
ставајте други течности во резервоарот за вода.
1 Притиснете ја рачката на бокалот за пареа и блендирање
наназад за да го отстраните од главната единица (сл. b).
Наполнете со вода до соодветниот волумен според поглавјето
„Состојки и време на готвење на пареа“ во упатството за
користење (сл. d).
2 Свртете го капакот на резервоарот за вода во правец спротивен
од стрелките на часовникот за да го отворите (сл. e), а потоа
наполнете со вода со помош на бокалот за блендирање (сл. f).
Не ја надминувајте ознаката MAX од 180 ml (сл. d).
3 Вратете го капакот на резервоарот за вода и свртете го во правец
на стрелките на часовникот за безбедно да го прицврстите
(сл. g).
Забелешка
• Секогаш проверувајте дали сте го заклучиле капакот на
резервоарот за вода пред да почнете да го користите апаратот.