EasyManua.ls Logo

Philips Avent SCF862/02 - Користење На Апаратот; Пред Првата Употреба

Philips Avent SCF862/02
178 pages
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
104 МАКЕДОНСКИ
R Капак на бокалот
S Отвор за пареа на капакот на бокалот
Пред првата употреба
1 Отстранете ги материјалите за пакување од апаратот.
2 Пред првата употреба, темелно исчистете ги сите делови.
Погледнете во поглавјето „Чистење и отстранување бигор.
3 Препорачуваме да активирате еден циклус на пареа со празна
корпа за готвење на пареа и празен бокал пред да го употребите
апаратот за прв пат. Погледнете во поглавјата „Полнење на
резервоарот за вода“ и „Готвење на пареа.
Користење на апаратот
Внимание
Секогаш проверувајте ја температурата и густината на зготвената
храна на задниот дел од дланката за да се уверите дека таа е
безбедна за вашето бебе.
Овој апарат е наменет за готвење на пареа на свежи, цврсти состојки,
по што тие може да се блендираат додека да се добие густина која е
соодветна за бебиња. Најчесто прво треба да ги зготвите состојките
на пареа, а потоа да ги блендирате. Сепак, можете да го користите
апаратот и само за готвење на пареа или блендирање. Кога го
користите апаратот само за блендирање, можете да ги прескокнете
деловите „Полнење на резервоарот за вода“ и „Готвење на пареа“ и
да ги следите само инструкциите од делотСамо блендирање“.
Уредот НЕ е наменет за следните намени.
- Готвење на пареа на истите состојки подолго од 30 минути
- Готвење на пареа на замрзнати сирови состојки
- Блендирање пред готвењето на пареа
- Загревање течности, како супа, сосови или вода
- Подгревање храна
- Одмрзнување храна
- Варење ориз или тестенини
- Сечкање на тврди состојки како коцки мраз или шеќер или
лепливи состојки како сирење

Table of Contents

Related product manuals