EasyManua.ls Logo

Philips Sonicare 3100 - Користење на четката за заби Philips Sonicare; Упатства за четкање

Philips Sonicare 3100
388 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
324
Македонски
Користење на четката за заби Philips Sonicare
Ако ја користите вашата четка за заби Sonicare по
прв пат, нормално е да чувствувате повеќе
вибрации отколку кога користите неелектрична
четка за заби. Вообичаено е за тие што ја користат
по прв пат да вршат премногу притисок.
Применете само нежен притисок и оставете
четката за заби да го врши четкањето наместо вас.
Следете ги долунаведените упатства за четкање за
најдобро искуство. За да ви помогнеме да
преминете на новата електрична четка за заби
Sonicare, таа доаѓа со вклучена опција EasyStart.
Оваа функција полека ја зголемува моќноста во
текот на првите 14 четкања за да ви помогне да се
прилагодите на четкањето со четката за заби
Philips Sonicare.
Упатства за четкање
1
Навлажнете ја четката и нанесете мало
количество паста за заби.
2
Поставете ги влакната од четката за заби на
забите под мал агол (45 степени), притискајќи
нежно за да стигнат влакната до непцето или
малку под непцето.
Забелешка: Центарот на четката мора да биде
во контакт со забите цело време.
3
Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да ја вклучите
Philips Sonicare.
4
Нежно поставете ги влакната од четкичката на
забите и непцата. Четкајте ги забите со мали
движење напред-назад, така што влакната на
четкичката ќе достигнуваат помеѓу забите.
Продолжете со ова движење за целото време
на четкањето.
Забелешка: влакната од четката треба малку да
се рашират. Не се препорачува да четкате како
со рачна четка за заби.

Table of Contents

Related product manuals