4
МАКЕДОНСКИ
КОРИСТЕЊЕ НА УПАТСТВОТО
Купивте SAMSUNG микробранова печка. Вашето упатство содржи
корисни информации за готвење со микробрановата печка:
• Мерки за безбедност
• Прикладни додатоци и садови
• Корисни совети за готвење
• Совети за готвење
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Важни безбедносни инструкции.
ПРОЧИТАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО И ЗАЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО ЗА
КОРИСТЕЊЕ ВО ИДНИНА.
Пред да започнете да ја користите печката, прочитајте и следете
ги следните инструкции.
• Овој уред употребувајте го единствено за наменетата функција
како што е опишано во ова упатство. Предупредувањата и
важните безбедносни мерки во ова упатство не ги опфаќаат
сите околности и ситуации кои може да настанат. Ваша
одговорност е да постапувате разумно и да внимавате при
инсталирањето, одржувањето и употребата на вашиот уред.
• Бидејќи следните напатствија за користење опфаќаат
различни модели, карактеристиките на вашата микробранова
печка можат малку да се разликуваат од оние опишани во
ова упатство и можно е некои предупредувања да не бидат
релевантни. Доколку имате прашања или одредени грижи,
обратете се до најблискиот сервисен центар или побарајте
помош и информации преку интернет од www.samsung.com.
• Оваа микробранова печка се употребува за загревање на
храна. Таа е наменета само за домашна употреба. Не загревајте
никаков вид на текстил или перничиња полни со зрнца, кои
можат да се запалат и да предизвикаат пожар. Производителот
не може да се смета како одговорен за оштетувања
предизвикани од несоодветна или неправилна употреба на
уредот.
• Неодржувањето на печката во чиста состојба може да ја оштети
површината и да го расипе уредот или може да предизвика
несакани опасни ситуации.
ЛЕГЕНДА ЗА СИМБОЛИТЕ И ИКОНИТЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризично или опасно ракување кое може да
предизвика сериозни повреди или смрт.
ВНИМАНИЕ
Ризично или опасно ракување кое може
да предизвика помали повреди или
оштетување на околината.
Предупредување;
опасност од пожар
Предупредување; жешка
површина
Предупредување; струја
Предупредување;
експлозивен материјал
НЕ обидувајте се.
Експлицитно следете ги
упатствата.
НЕ расклопувајте.
Извадете го приклучокот
за напојување од ѕидниот
штекер.
НЕ допирајте.
Проверете дали машината
е заземјена заради
избегнување на електричен
удар.
Повикајте го сервисниот
центар за помош.
Забелешка
Важно
ME82V-BOL-03910C_MK.indd 4 2011-02-01 12:38:07