EasyManua.ls Logo

Samsung MW82V - Инсталирање На Микробрановата Печка; Што Да Направите Ако Се Сомневате Или Имате Проблем

Samsung MW82V
96 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
9
МАКЕДОНСКИ
ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО СЕ СОМНЕВАТЕ ИЛИ
ИМАТЕ ПРОБЛЕМ
Ако се соочувате со некој од проблемите наведени подолу, испробајте ги
понудените решенија.
Ова е нормално.
Кондензација во внатрешноста на печката
Струење на воздух околу вратата и надворешноста
Рефлексија на светлина околу вратата и надворешноста
Излегување на пареа од вратата или вентилационите отвори
Печката не се активира кога ќе го притиснете копчето за
Време/Тежина ( ).
Дали вратата е целосно затворена?
Храната воопшто не е зготвена
Дали правилно го поставивте тајмерот и/или го притиснавте копето за
Време/Тежин ( ).
Дали вратата е затворена?
Дали сте го преоптовариле електричното коло и дошло до избивање на
осигурувачот?
Храната е премногу или недоволно зготвена
Дали сте поставиле соодветно времетраење на готвењето за одредениот тип на
храна?
Дали сте избрале соодветна јачина?
Се јавуваат искри и звуци во внатрешноста на печката (електрично празнење)
Дали сте користеле сад со метални делови?
Дали сте оставиле вилушка или друг метален прибор во внатрешноста на
печката?
Дали алуминиумската фолија е премногу блиску до внатрешните ѕидови?
Печката предизвикува пречки кај радиоприемниците или телевизорите
Додека се користи печката може да се јават мали пречки кај радиоприемниците
или телевизорите. Ова е нормално. За да го отстраните проблемот, поставете ја
печката подалеку од телевизорите, радиоприемниците и антените.
Ако се јават пречки кај микропроцесорот на печката, екранот може да се
ресетира. За да го отстраните проблемот, исклучете го кабелот за напојување и
повторно вклучете го. Повторно поставете го времето.
ИНСТАЛИРАЊЕ НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА
Поставете ја печката на рамна површина на височина од 85 cm
од подот. Површината треба да е доволно цврста за да ја издржи
тежината на печката.
1. Кога ја поставувате печката, оставете соодветен
простор за вентилација од најмалку 10 cm
(4 инчи) одзади и од страните и 20 cm (8 инчи)
одгоре.
2. Отстранете ја амбалажата од внатрешноста на
печката.
Проверете дали чинијата се врти слободно.
3. Микробрановата печка треба да се постави така да приклучокот
биде достапен.
Доколку кабелот за напојување е оштетен, треба да се замени со
специјален кабел кој може да го набавите од производителот или
сервисерот.
За ваша безбедност, приклучете го кабелот во 3-пински,
230 волти, 50Hz, AC приклучок со заземјување. Ако кабелот од
уредот е оштетен, треба да се замени со специјален кабел.
Не поставувајте ја микробрановата печка во топла и влажна
околина како на пример во близина на шпорет или радијатор.
Спецификациите за напојување на печката треба да се почитуваат
и секој продолжителен кабел треба да ги задоволува истите
стандарди кои важат за кабелот кој се испорачува со печката.
Пред првото користење на микробрановата печка избришете ја
внатрешноста и вратата за затворање со влажна крпа.
10 cm
одзади
20 cm
одгоре
10 cm од
страна
ME82V-BOL-03910C_MK.indd 9 2011-02-01  12:38:13

Table of Contents

Other manuals for Samsung MW82V

Related product manuals