и патувања, деца, начин на живот, спорт, музика, телевизија во живо и видео, игри,
филмови и телевизиски програми, итн.
1 Некои од апликациите на почетната страница може да не се достапни кај
одредени модели, а во овој прирачник не се опфатени упатства за користење за сите
апликации на почетниот екран.
2 Прегледувачот поддржува само формат HTML5 за видеодатотеки.
3 Ако вашите даватели на услуги ги надградат или променат своите
сервери, апликациите од типот YouTube и Facebook може да не функционираат на овој
телевизор.
4 Вашиот далечински управувач можеби не е компатибилен со некои
мрежни апликации или не работи поради прекин на услугата, која што нема никаква
врска со телевизорот.
5 Содржината и услугите од мрежната апликација ги контролираат
давателите на мрежната апликација преку објекти за мрежа и пренос на податоци, кои
се подложни на измени, дефекти, укинување, отстранување, прекин или, пак, неважечки
пристап во кое било време без претходна најава дека производителот не е во можност
да контролира или да биде информиран за споменатата промена. Производителот
понатаму изјавува дека се одрекува од секаква одговорност или обврски што
произлегуваат од неможноста на корисникот да ги користи содржините или услугите
причинети од, но не е ограничено на пад на мрежната врска или комуникациските
линии, технолошки ажурирања или замена, откажување, прекин, укинување или
отстранување на каква било содржина или услуги од страна давателот на мрежната
апликација итн.
> > /
1. Изберете „Wireless Network“ (Безжина мрежа) и притиснете го копчето ENTER
(Внеси), а потоа изберете „ON“ (Вклучи) за да ја вклучите оваа карактеристика;
2. Почекајте неколку секунди и на списокот ќе се прикажат местата со Wi-Fi, изберете и
притиснете на копчето ENTER за да го отворите интерфејсот за внесување лозинка.
3. Користете ги копчињата за навигација за да ја внесете лозинката, а кога ќе завршите,
притиснете го зеленото копче на далечинскиот управувач за да ја започнете
поврзувањето. Кога ќе се поврзете успешно, на екранот ќе се појави текст „Success“
(Успешно).
1. Поврзете го мрежниот кабел на портата за ЛАН на задниот дел од телевизорот;
2. Влезете во главното мени и изберете мрежно подмени.
3. Изберете „Wired Network“ (Жичена мрежа), потоа изберете „Auto Input“ (Автоматски
влез), почекајте неколку секунди и мрежната конфигурација ќе биде успешно
завршена.
: Пред да започнете, проверете дали работи добро пренасочувачот.