EasyManua.ls Logo

Villager WP 10 E - Page 80

Villager WP 10 E
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
5
Villager
WP 10 E (МК)
ПОДГОТОВКИ ПРЕД РАКУВАЊЕТО
Преглед
1. Проверете го секој дел, како што се капакот на резервоарот за гориво,
свеќичка итн. – за да утврдите дека не се разлабавени или паднати.
2. Бидете сигурни дека местото за вшмукување и издув на разладениот
воздух не се затнати со нечистотија или прашина. Затнатите премини за
воздух ќе доведат до прегревање на моторот кој се лади со воздухот за
време на работењето.
3. Посветете внимание на пречистувачот на воздух. Доколку е извалкан,
направете вонреден сервис.
4. Проверете ја свеќичката. Доколку е извалкана, комплетно исчистете ја и
прилагодете го зазорот на свеќичката (пропишаниот зазор на свеќичката е
0,6-0,7 mm)
Moнтирање на пумпата
1. Moнтирајте ја Вашата пумпа на рамно место, колку што е можно поблиску
до изворот на вода.
2. Извадете го само-вшмукувачкиот капак и ставете вода во Вашата пумпа,
додека не се излие водата. Потоа, цврсто затегнете го капакот.
Комплетно затегнете ги само-вшмукувачкиот капак, цревото за
вшмукување и другите спојки. Доколку се разлабавени воздухот ќе влезе во
Вашата пумпа, и нема да може да врши само-вшмукување.
Потрошувачка на гориво
1. Ставете чисто гориво во резервоарот за гориво.
Горивото е мешавина од бензин од 70 октани или повеќе и атестирано
масло за двотактни мотори. Однос во мешавината 40 : 1. Бидете сигурни
дека бензинот и маслото се со добар квалитет.
2. Не ставајте гориво доколку целосно не сте го исклучиле моторот.
Дополнувањето на гориво во текот на работата ја зголемува опасноста од
појава на пожар.
СТАРТУВАЊE
Пумпата никогаш не смее да се стартува – ако во неа нема вода.
1. Наместете ја славината за гориво во отворена позиција. Поместете ја
рачката на саухот во затворена позиција.
2. Поместете ја рачката за гас во стартна позиција.

Related product manuals