EasyManua.ls Logo

Villager WP 10 E - Page 81

Villager WP 10 E
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
6
Villager
WP 10 E (МК)
3. Повлечете го стартерот на потегнување со остро движење.
Никогаш не повлекувајте го целото јаже и никогаш не дозволувајте му
на јажето да се врати така што ќе го пуштите.
4. Еднаш кога ќе стартува моторот, постепено поместете ја рачката на саухот
во отворена позиција.
Доколку е премногу вшмукано горивото, затворете ја славината за
гориво и целосно отворете ги рачката за гас и рачката за саух. Потоа
повлечете го стартерот на потегнување.
5. По стартувањето на моторот потврдете дека водата во цревото за
вшмукување се зголемува до пумпата и прилагодете го количеството на
вода на отворањето на рачката за гас.
Пумпата може да не успее да ја вшмука водата иницијално, доколку е
вентилот приклучен на излезната (потисната) страна затворен или е
цревото удвоено (превитканo).
MEРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРИ РАБОТАТА
Доколку снема вода во текот на работата, моторот веднаш мора да се
исклучи.
Работата на пумпата без вода во неа, значително ќе го скрати
животниот век на моторот и пумпата. Никогаш не пуштајте ја пумпата да
работи – доколку во неа нема вода.
Не дополнувајте ја со гориво Вашата пумпа доколку моторот не е исклучен.
Дополнувањето на гориво во текот на работата создава можност за
појава на пожар.
Никогаш не пушете и не создавајте пламен и оган во близина на
Вашата пумпа која има бензински мотор.
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ПРАЗЕН ОД (ЛЕР ГАС)
Бројот на вртежи на празен од (лер гас) е фабрички прилагоден, но може
(доколку е неопходно) повторно да се прилагоди.
Вртењето на завртката за прилагодување на празниот од во правец на
стрелките на часовникот ќе ја зголеми брзината на моторот, а во правец
спротивен од стрелките на часовникот ќе ја намали брзината на моторот.

Related product manuals