7
Прилагодувањето на лер гас (брзнина на празен од) треба да биде
изведено пет минути по стартувањето на моторот.
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА МОТОРОТ
1. Поместете ја рачката за гас во позиција на бавна (мала) брзина и моторот
нека работи 2 до 3 минути – за да се излади.
2. Затворете ја славината за гориво.
3. Продолжете да го притиската стоп копчето – додека моторот целосно не се
исклучи.
Ненадејното исклучување на моторот при работа на висока брзина
може да предизвика проблем на моторот. Затоа избегнувајте ненадејно
сопирање – освен во итни случаи.
OДРЖУВАЊE
Пумпата за вода има очекуван животен век во зависност од квалитетот на
одржување. Се препорачува да го прегледате Вашиот уред пред и по секое
ракување.
Oдржување по завршување на работата
1. По завршување на работата – комплетно отстранете ги нечистотијата и
прашината од моторот.
2. Проверете го моторот, за да утврдите дека нема истекување на горивото.
3. Проверете го секој затегнат дел и утврдете дали дошло до разлабавување.
4. Кога во пумпата водата ќе се измеша со земја и песок, пропуштете свежа
вода низ Вашата пумпа – за да ги исчистите внатрешните делови на
пумпата (на. пр цевката за вшмукување и потиснување).
Кога е во зима многу ладно, пумпата може да се оштети поради
замрзнување на водата во куќиштето на пумпата. По завршувањето на
дневната работа, задолжително испразнете ја водата од куќиштето и од
цревата.
Oдржување на секои 30 часа. Извадете ја и исчистете ја свеќичката и
прилагодете го зазорот на свеќичката (пропишан зазор на свеќичката e 0,6
дo 0,7 mm) со користење на свеќичката : L6 (LD).
Oдржување на секои 50 часа
1. Извадете го пречистувачот на воздух и добро исперете го со бензин.
2. По плавењето на пречистувачот на воздух, цврсто исцедете го и монтирајте
го.