еење
ладење сушење вентилација
НАПОМЕНА: Моделите кои само ладат не ја поседуваат
функцијата греење.
Копче SWING: Притиснете го ова копче за промена на аголот
на закосување на лопатките.
Копче RESET: Со притискање на ова копче RESET се
поништуваат сите моментални подесувања и контролата на
уредот се враќа на основните подесувања.
Копче AIR DIRECTION: Со притискање и брзо отпуштање на ова
копче се активира функцијата за насочување на
хоризонталните лопатки. Со секое притискање лопатката се
поместува за одреден агол. Со држење на копчето повеќе од
две секунди се активира функцијата автоматско нишање. Со
повторно притискање на копчето лопатката престанува да се
ниша. Кога лопатката се поставува во положба од која може да
влијае на ефикасноста на ладењето или греењето на клима
уредот, таа автоматски ја менува насоката на нишањето (ова
не се применува кај единиците без оваа функција).
Копче LED DISPLAY: Со ова копче се брише дигиталниот
приказ на клима уредот, притиснете повторно за активирање на
приказот (не се применува кај единиците без оваа функција).
Копче FAN SPEED: Ова копче се користи за поставување на
брзината на вентилаторот по следниот редослед: автоматска,
ниска, средна или висока. Со секое притискање на копчето се
менува брзината на вентилаторот.
Копче ON/OFF: Притиснете го ова копче за вклучување на
уредот, а повторно притиснете го за исклучување на уредот.
Копче TIMER ON: Притиснете го ова копче за подесување на
времето на вклучување на уредот. Со секое притискање
времето до вклучувањето ќе се зголемува за по 30 минути. Кога
подесеното време достигнува 10:00, со секое притискање
времето ќе се зголемува за 60 минути. За да го поништите
времето на автоматското вклучување, едноставно подесете го
времето на вклучување на 0:00.
Копче SLEEP: Притиснете го ова копче за активирање на режим
на работа кој заштедува енергија. За прекинување на работата
повторно притиснете го ова копче. Оваа функција исклучиво
може да се користи во текот на греењето, ладењето,
автоматскиот начин на работа, за да се оддржи посакуваната
температура.