12 Копче TIMER OFF: Притиснете го ова копче за подесување
на времето на исклучување на уредот. Со секое
притискање времето до исклучувањето ќе се зголемува за
по 30 минути. Кога подесеното време достигнува 10:00, со
секое притискање времето ќе се зголемува за 60 минути. За
да го поништите времето на автоматското исклучување,
едноставно поставете го времето на вклучување на 0:00.
13 Копче LOCK: По притискање на копчето LOCK сите
моментални подесувања се заклучуваат и далечинскиот
управувач не прима ниту една наредба освен од копчето
LOCK. За поништување на заклучувањето повторно
притиснете го ова копче.
14 Копче TURBO: Притиснете го ова копче за време на
ладењето за да го активирате турбо ладењето. За
поништување на функцијата повторно притиснете го ова
копче.
Индикатори на ЕКРАНОТ
Екран
Дигитален екран
: Дигиталниот екран ги прикажува
подесената температура и, доколку е подесен тајмерот,
подесеното време на вклучување и исклучување. Доколку
уредот е во режим на вентилација на екранот не се
прикажува ништо.
Индикатор на
сигнализирање: Овој индикатор свети
кога далечинскиот управувач емитира сигнал кон
внатрешната единица.