МК - 11
2. МОНТИРАЊЕ И
ПОДГОТОВКА ЗА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Овој апарат
мора да го монтира овластен
сервисер или квалификуван
техничар, согласно упатствата во овој
водич и во согласност со тековните
локални прописи.
• Неправилно монтирање може да
предизвика повреда и оштетување за
коишто производителот не презема
одговорност и за коишто нема да
важи гаранцијата.
• Пред монтирањето, проверете дали
локалните услови на дистрибуција
(напонот на струјата и фреквенцијата
и/или природата и притисокот
на плинот) и приспособувањата
на производот се компатибилни.
Условите за приспособување на овој
апарат се посочени на етикетата.
• Треба да се почитуваат законите,
уредбите, директивите и стандардите
кои се на сила во земјата на употреба
(безбедносни регулативи, соодветно
рециклирање во согласност со
регулативите итн.).
2.1 Упатства за инсталатер
Општи упатства
• Откако ќе го извадите материјалот
за пакување од апаратот и
дополнителните делови, проверете
дали е оштетен апаратот. Ако се
сомневате дека има каква било
штета, не користете го апаратот и
веднаш контактирајте со овластен
сервисер или квалификуван
електричар.
• Погрижете се да нема запаливи
материјали во непосредна близина,
како завеси, масло, ткаенина итн.,
кои може да се запалат.
• Работната површина и мебелот кој
се наоѓа околу апаратот мора да
бидат направени од материјали кои
се отпорни на температури повисоки
од 100°C.
• Апаратот не треба да се монтира
директно над машина за миење
садови, фрижидер, замрзнувач,
машина за перење алишта или
машина за сушење алишта.
• Апаратот може да се постави во
близина на друг мебел, под услов,
во просторот каде што апаратот е
поставен, висината на мебелот да не
ја надминува висината на плочата за
готвење.
Монтирање на шпоретот
• Ако мебелот во кујната е повисок
од плочата за готвење, тој мора да
биде оддалечен најмалку 10 cm од
страните на апаратот за да може
воздухот да струи.
• Ако треба да се монтира аспиратор
или кујнски елемент над апаратот,
безбедното растојание помеѓу
плочата за готвење и кој било кујнски
елемент/аспиратор треба да биде
како што е покажано подолу.
A (mm) Кујнски елемент 420
Б (mm) Аспиратор на шпоретот 650/700
C (mm)
Ширина на
производот
D (mm) 50
106 / 168