МК - 15
4. УПОТРЕБА НА ПРОИЗВОДОТ
4.1 Контроли на плочата
Керамички грејач
Керамичкиот грејач се контролира со
копче кои има 6 позиции.
Керамичкиот грејач се вклучува со
свртување на контролното копче во
посакуваното поставување. До секое
контролно копче има симбол кој означува
кој грејач се контролира со тоа копче.
Сијаличката за „вклучено/исклучено“ на
контролната табла покажува дали некој
од керамичките грејачи е во употреба.
Позиција на копче Функција
0 Позиција „Off“ за
исклучување
1 Позиција за одржување
топлина
2-3 Позиција за греење на ниска
температура
4-5-6 Готвење, пржење и вриење
Важно: Насоката на вртење на
копчето може да се разликува во
согласност со спецификациите за
производот.
Двојни и овални грејачи (ако има)
Двојните и овалните грејачи имаат две
зони на греење. За да ја активирате
надворешната зона на двојниот/овалниот
грејач, свртете го копчето на позицијата
. Ќе се вклучат двете надворешни
зони.
За да ја деактивирате надворешната
зона на двојниот/овалниот грејач, свртете
го копчето на позицијата „Off“. Ќе се
исклучат двете надворешни зони.
Индикатор за преостаната топлина
(ако има)
По користење на плочата ќе се
акумулира топлина во витрокерамичкото
стакло, која се нарекува преостаната
топлина. Ако нивото на преостаната
топлина е повисоко од +60°C,
индикаторот за преостаната топлина ќе
биде активен за зоната на готвење која
има температура за готвење повисока од
оваа.
Ако се прекине напојувањето со
струја додека е вклучен индикаторот
за преостаната топлина, кога ќе се
врати напојувањето сијаличката за
предупредување ќе трепка. Дисплејот
ќе трепка сѐ додека не се намали
преостанатата топлина или додека не се
активира една од зоните.
Совети за помош
Важно: Кога керамичките грејачи
работат на повисоки температури,
може да забележите како
загреаните делови се вклучуваат и
исклучуваат. Тоа е поради безбедносниот
уред кој спречува прегревање на
стаклото. Тоа е нормално на високи
температури и не предизвикува
оштетување на плочата и мало
заостанување во готвењето.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Никогаш не вклучувајте ја
плочата без да има садови во зоните
за готвење.
• Користете само рамни садови за
готвење со доволно дебело дно.
• Проверете дали дното на садот е
суво пред да го ставите на плочата.
• Додека плотната работи, важно е
да го поставите садот за готвење во
средина на плотната.
• За да заштедите енергија, никогаш
не употребувајте сад со различен
дијаметар од дијаметарот на ринглата
која ја користите.
110 / 168