МК - 20
Чистење на керамичкото стакло
Керамичкото стакло може да издржи
тешки садови, но доколку го удрите со
остар предмет може да се скрши.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Керамичка
плоча - ако површината е напукната,
исклучете го апаратот за да
избегнете електричен удар и повикајте
сервисер.
• За чистење на витрокерамичкото
стакло, употребувајте кремасти или
течни средства за чистење. Потоа,
исплакнете го и добро исушете го
стаклото со сува крпа.
Не употребувајте средства за
чистење кои се наменети за челик,
бидејќи може да го оштетат
стаклото.
• Ако дното или надворешниот слој
на садот за готвење е изработено
од супстанци со ниска точка на
топење, тие може да ја оштетат
стаклената-керамичката површина
за готвење. Ако на жешка стаклена-
керамичка површина за готвење
падне пластика, фолија, шеќер или
храна што содржи шеќер, веднаш
изгребете ја од жешката површина,
најбрзо и најбезбедно што можете.
Ако овие супстанци се стопат може
да ја оштетат стаклената-керамичката
површина за готвење. Кога готвите
храна која содржи многу шеќер, како
на пример, мармалад, претходно
нанесете слој од соодветно заштитно
средство, доколку е можно.
• Прашината на површината мора да
се исчисти со мокра крпа.
• Промена во бојата на керамичкото
стакло нема да влијае на структурата
или трајноста на керамиката и истата
не настанува поради промена во
материјалот.
Промени во бојата на керамичкото
стакло може да настанат од повеќе
причини:
1. Истурена храна не е исчистена од
површината.
2. Употребата на несоодветни садови на
плочата може да доведе до ерозија на
површината.
3. Употреба на погрешни средства за
чистење.
Чистење на стаклените делови
• Редовно чистете ги стаклените
делови на апаратот.
• Употребувајте средство за чистење
на стакло за да ја исчистите
внатрешноста и надворешноста
на стаклените делови. Потоа,
исплакнете ги и добро исушете ги со
сува крпа.
Чистење на емајлираните делови
• Чистете ги емајлираните делови
со мека крпа натопена во вода со
сапуница.
• Бришете ги емајлираните делови
со мека крпа натопена во вода
со сапуница. Потоа, повторно
избришете ги со мокра крпа и
исушете ги.
Немојте да ги чистите емајлираните
делови по готвење додека сѐ уште
се жешки.
Не оставајте оцет, кафе, млеко, сол,
вода, лимон или сок од домати да
стои на емајлираните делови
подолго време.
Чистење на деловите од
не’рѓосувачки челик (ако има)
• Редовно чистете ги деловите од
не’рѓосувачки челик на апаратот.
• Бришете ги деловите од не’рѓосувачки
челик со мека крпа натопена само
во вода. Потоа, добро исушете ги со
сува крпа.
Немојте да ги чистите деловите од
не’рѓосувачки челик по готвење
додека сѐ уште се жешки.
Не оставајте оцет, кафе, млеко, сол,
вода, лимон или сок од домати да
стои на деловите од не’рѓосувачки
челик подолго време.
Чистење на обоени површини (ако
има)
• Дамките од патлиџан, сос од
патлиџан, кечап, лимон, нафтени
деривати, млеко, храна која содржи
шеќер, засладени пијалоци и кафе
треба да се исчистат веднаш со крпа
натопена во топла вода. Ако не ги
исчистите флеките и ги оставите да
се исушат на површината на која се
наоѓаат, НЕ треба да ги триете со
115 / 168