MK
70
ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО УПОТРЕБА НА АПАРАТОТ
Општи предупредувања
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не ги блокирајте отворите за
вентилација кои се најдуваат во кутијата на уредот или
во вградената структура.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да користите механички
уреди или други начини за забрзување на процесот
на одмрзнување, освен оние кои се препорачани од
производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да користите електрични
уреди во внатрешните оддели на уредот, освен доколку
не се од вид кој е препорачан од производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не го оштетувајте колото на
разладувачот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се спречи опасност поради
нестабилност на уредот, мора да се фиксира според
инструкциите.
• Ако вашиот уред користи R600а како рефригерант –
можете да ја видите оваа информација на етикетата
на ладилникот – треба да внимавате за време на
транспорт и монтажа да не ги оштетите разладните
елементи на ладилникот. Иако тој е пријателски спрема
околината и природен, експлозивен е. Во случај на
истекување поради оштетување на елементите на
ладилникот, оддалечете го уредот од извори на оган
или топлина и проветрете ја собата неколку минути.
• Додека го носите и преместувате фрижидерот,
внимавајте да не го оштетите колото на гасот.
• Немојте да чувате експлозивни материи, како на
пример кутии со аеросол со запалив пропелент, во
овој уред.
• Овој уред е наменет да се користи само во домашни
услови и слични намени како на пр.: