MK -57-
користење единствено во соодветни кујнски елементи.
• Прилагодливите предни ногалки мора да се постават на соодветна висина со
цел фрижидерот да работи стабилно и правилно. Тоа можете да го направите
со вртење на ногалките во правец на стрелките (или обратно). Тоа треба да се
направи пред да се постави храна во фрижидерот.
• Пред да го користите фрижидерот, избришете ги сите делови
со млака вода во која сте раствориле сода бикарбона и потоа
исплакнете со чиста вода и исушете. Вратете ги сите делови
после чистењ.
• Поставете ја пластиката за прилагодување на растојание
(делот со црни крилца на задната страна) така што ќе
го завртите за 90 степени со што ќе оневозможите на
кондензаторот да го допира ѕидот.condenser from touching the
wall.
Пред да го користите фрижидерот
• За да овозможите ефикасна работа, при првото користење
или после преместување, вклучете го фрижидерот во струја и
оставете го исправен 3 часа. Во спротивно, може да го оштетите
компресорот.
• При првото вклучување може да се појави мирис; мирисот ќе исчезне кога
фрижидерот ќе почне да лади.
КАКО ДА РАКУВАТЕ СО УРЕДОТВТОР ДЕЛ:
Поставки на термостатот
• Термостатот автоматски ја регулира
температурата во внатрешноста на
фрижидерот и замрзнувачот. Со ротирање на
копчето од позиција 1 до 5 може да се добијат
поладни температури.
• Позицијата “ “ значи дека термостатот е исклучен и нема ладење.
• За краткотрајно чување на храна во замрзнувачот, можете да го поставите копчето
помеѓу позициите минимум и средина (1-3).
• За долготрајно чување на храна во замрзнувачот, можете да го поставите копчето
на средна позиција (3-4).
• Имајте во предвид дека внатрешната температура во уредот зависи од
температурата на околината, количеството на храна внатре, како и од тоа колку
пати се отвораат вратите на уредот. Доколку е потребно, сменете ги поставките на
температурата.
• При првото вклучување на уредот, најдобро би било да пробате да го оставите
вклучен без никаква храна внатре во тек на 24 часа и да не ја отворате вратата.
Доколку сепак треба веднаш да го користите, не ставајте многу храна.