EasyManua.ls Logo

Bosch GSC 75-16 - Page 98

Bosch GSC 75-16
137 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
98 | Македонски
Со електричниот апарат може да се исечат лимови со
следната дебелина:
Материјал макс. цврстина
(N/mm
2
)
d
max
(mm)
Челик 400
1,6
600
1,2
800
0,7
Алуминиум 200
2,2
Поставување на растојанието меѓу ножевите a
Растојанието меѓу ножевите a
(воздушен процеп помеѓу сечилата)
зависи од дебелината на лимот којшто
се обработува d
max
.
d
max
(mm)
Растојание меѓу ножевите a
(mm)
0,3−0,6 0,10
0,8−1,2 0,25
1,3−1,6 0,30
Кај помеките и пожилави материјали мора да се намали
растојанието меѓу ножевите a а кај цврстите или кршливи
материјали мора да се зголеми.
Олабавете ја завртката за прицврстување(8) на долниот
нож. Со завртката за подесување(7) поставете го
потребното растојание меѓу ножевите a. Горниот нож(5)
и долниот нож(6) не смеат да се допираат.
Проверете го растојанието со комерцијално мерило за
подесување. Повторно затегнете ја завртката за
прицврстување(8) на долниот нож со затезен вртежен
момент од 4–6Nm.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Замена на ножот (видисликаA)
Горниот нож(5) и долниот нож(6) се исти, секој од нив
има по четири резни острици и можат меѓусебно да се
заменат.
Навремено вртете ги одн. менувајте ги ножевите, бидејќи
само острите алати за вметнување имаат добар учинок и
го чуваат електричниот апарат.
За да го смените горниот нож(5) олабавете ја завртката
за прицврстување(4), за да го смените долниот нож(6)
завртката за прицврстување(8).
Свртете го ножот за 90° или наместете нов нож. При
ставањето на долниот нож(6) внимавајте тој да налегне
на завртката за подесување (7).
Напомена: Ножот свртете го само во правецот што е
прикажан на сликатаA одн. ставете го новиот нож во
позицијата што е прикажана на сликата. Доколку
погрешно го поставите ножот не е возможно сечење.
Повторно затегнете ја завртката за прицврстување(4) за
горниот нож одн. завртката за прицврстување(8) за
долниот нож со затезен вртежен момент од 4–6Nm.
Проверете го растојанието меѓу ножевите a како што е
погоре опишано.
Горниот нож(5) и долниот нож(6) не смеат
дополнително да се острат.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У “РОЈКА”
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Отстранување
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните алати во
домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/ЕU за
електрични и електронски уреди и нивната
имплементација во националното право, електричните
1 609 92A 50F | (27.06.2019) Bosch Power Tools

Related product manuals