EasyManua.ls Logo

Bosch PCM 8 SD - Page 234

Bosch PCM 8 SD
307 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
234 | Македонски
1 609 92A 27V | (8.3.16) Bosch Power Tools
64 Прифат за флексибилниот продолжеток на масата за
пила 63 (на електричниот апарат)
65 Прифат за флексибилниот продолжеток на масата за
пила 63 (на стационарниот продолжеток на масата за
пила 12)
66 Завртка за прицврстување за плочата за вметнување
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Информација за бучава
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 62841-3-9.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 93 dB(A); ниво на звучна јачина
106 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Монтажа
Избегнувајте невнимателно вклучување на
електричниот апарат. За време на монтажата и при
сите интервенции на електричниот апарат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
Внимавајте на приказот на обемот на
испорачаните материјали на почетокот од
упатството за употреба.
Пред првата употреба на електричниот
апарат, дали сите долу наведени делови се
испорачани:
–Пила за оплата со монтиран лист на пилата
Вреќичка за прав 53
стационарен продолжеток на масата за пила 12 (2 x),
Завртки за прицврстување 51 (2 x)
флексибилен продолжеток на масата за пила 63 (2 x)
Брза стега 22
Клуч со внатрешна шестаголна глава 49
Напомена: Проверете дали електричниот апарат има
оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот апарат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат,
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена сервисна
работилница.
Монтажа на поединечните делови
Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од
испорачаната опрема.
Монтирање на стационарните продолжетоци на масата
за пила (види слика A)
Стационарните продолжетоци на масата за пила 12 со
завртките за прицврстување 51 мора да се затегнат на
левата и десната страна на масата за пила 21 со
електричниот уред.
Поставете го продолжетокот на масата за пила 12 лесно
наназад во жлебот на прифатот 52 на електричниот
уред, завртете го продолжетокот на масата за пила во
жлебот на прифатот во хоризонтала нанапред и потоа
притиснете го до крај надолу.
Затегнете ги завртките за прицврстување 51 со
испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава 49.
Фиксна или флексибилна монтажа
Монтажа на работна површина (види слика B)
Зацврстете го електричниот апарат со соодветни
шрафови на работната површина. За тоа служат
отворите 20.
Флексибилна инсталација (не се препорачува!)
(види слика C)
Доколку, во исклучителни случаи, не е возможно да го
монтирате електричниот апарат на рамна и стабилна
Пила за оплата PCM 8 SD
Број на дел/артикл
3603M110..
Номинална јачина
W 1200
Број на празни вртежи
min
-1
4800
Тип на ласер
nm
mW
650
<1
Класа на ласер
2
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014 кг 15,5
Класа на заштита
/II
Дозволени димензии за делот што се обработува
(максимални/минимални) види страна 237.
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Димензии за соодветни листови за пила
Дијаметар на листовите за
пилата мм 216
Дебелина на сечилото на
пилата
мм 1,4–1,8
макс.ширина на сечење
мм 2
Дијаметар на отворот
мм 30
OBJ_BUCH-2765-001.book Page 234 Tuesday, March 8, 2016 9:56 AM

Related product manuals