Македонски | 237
Bosch Power Tools 1 609 92A 27V | (8.3.16)
Подесување на левото подрачје на аголот на
закосување (види слики J1–J2)
– Олабавете го затегнувачкиот лост 48 и повлечете ја
левата подеслива гранична водилка 9 целосно
нанадвор.
Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 48.
–Олабавете ја затезната рачка 30.
–Рачката на алатот навалете ја на дршката 6 лево додека
покажувачот на аголот 43 не го покажува посакуваниот
агол на закосување.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 30.
Подесување на вкупното подрачје на аголот на
закосување (види слика J3)
–Повлечете го граничникот 47 целосно нанадвор.
Притоа можете да го користите целото подрачје на
аголот на закосување (лево и десно).
– Олабавете го затегнувачкиот лост 48 и повлечете ја
десната подеслива гранична водилка 9 целосно
нанадвор.
Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 48
.
Доколку сакате да го користите целото подрачје на
аголот на закосување, левата подеслива гранична
водилка 9 мора да ја извлечете целосно нанадвор.
–Олабавете ја затезната рачка 30.
–Рачката на алатот навалете ја на дршката 6 лево или
десно, се додека покажувачот на аголот 43 или 39 не го
покажува посакуваниот агол на закосување.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 30.
Поставување на стандардниот агол на закосување
(види слика J4)
–Олабавете ја затезната рачка 30.
– Стандарден агол на закосување 0°:
Навалете го кракот на алатот на дршката 6 малку налево
и притиснете го граничникот 47 целосно навнатре.
Стандардни агли на закосување 45°, 33,9° и 22,5°:
Свртете го граничникот 42, додека саканиот
стандарден агол на закосување не се вклопи на
ознаката за стрелка.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 30.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување (види слика K)
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
– За вклучување на електричниот апарат, притиснете ја
најпрво блокадата при вклучување 4 надесно или
налево. На крај притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 и држете го притиснат.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Исклучување
–
За Исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 5.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
Секогаш затегнете ги копчето за фиксирање 13 и
затегнувачката дршка 30 пред сечењето. Инаку
листот на пилата може да се заглави во делот што се
обработува.
Проверете дали осцилаторната заштитна хауба може
правилно да функционира и дали може слободно да се
движи. Кога го водите кракот на алатот надолу, мора да ја
отворите осцилаторната заштитна хауба. Кога го водите
кракот на алатот нагоре, мора повторно целосно да се
затвори осцилаторната заштитна хауба над листот за
пилата.
Заштитете го листот за пилата од удари. Не го изложувајте
листот за пилата на страничен притисок.
Означување на линијата на сечење (види слика L1– L2)
Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на листот
за пилата. Притоа, делот што се обработува може точно да
го позиционирате за сечење, без да ја отворате
заштитната хауба со повратен
механизам.
–Притоа, вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот
26.
– Во зависност од преферираниот правецот на гледање,
поставете го ласерскиот зрак со помош на
прекинувачот на лизгање 37 налево или надесно.
Притоа линијата на сечење може да се прикаже по
избор од левата или десната страна на листот на пилата.
– Доколку линијата на сечење се прикаже со ласерскиот
зрак лево од листот за пилата, насочете ги ознаките на
делот што се обработува на десниот раб на линијата на
ласерот.
Доколку линијата на сечење се прикаже со ласерскиот
зрак десно од листот за пилата, насочете ги ознаките на
делот што се обработува на левиот раб на линијата на
ласерот.
Позиција на корисникот (види слика M)
Не се поставувајте во една линија со листот за
пилата пред електричниот апарат, туку секогаш
странично од листот за пилата. На тој начин, вашето
тело е заштитено од мо
жен повратен удар.
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални делови за обработка:
Агол на косо сечење Висина x ширина
хоризонтално вертикално
0° 0°
70 x 305 мм
45° 0°
70 x 215 мм
0° 45°
40 x 305 мм
45° 45°
40 x 215 мм
OBJ_BUCH-2765-001.book Page 237 Tuesday, March 8, 2016 9:56 AM