242 | Македонски
1 609 92A 1GN | (23.6.15) Bosch Power Tools
Олабавување на делот што се обработува
– За да ја олабавите столарската стега, свртете ја
прачката со навој 47 во правец спротивен на стрелките
на часовникот.
Продолжување на масата за пилата
(види слика J)
Флексибилниот систем за прикачување на
продолжетоците на масата за пила 48 Ви овозможува
голем број на варијанти на продолжување.
– По потреба ставете ги флексибилните продолжетоци на
масата за пила 48 во прифатите 36 на електричниот
апарат или во прифатите 49 на стационарните
продолжетоци на масата за пила.
Подесување на закосениот агол
Додека го подесувате аголот на закосување, не го
активирајте прекинувачот за
вклучување/исклучување 27. Доколку електричниот
апарат се стартува невнимателно, постои опасност од
повреда.
Подесување на хоризонталниот агол на закосување
(види слика K)
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат во
граници од 48° (на левата страна) до 48° (на десната
страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање 11, доколку е
затегнато.
– Вртете ја масата за пила 8 со држачот налево или
надесно додека показателот на агли 13 не го покаже
саканиот агол на закосување.
– Повторно зацврстете го копчето за фиксирање 11.
За брзо и прецизно подесување на често употребувани
агли на закосување масата за пилата 8 може да ја
вклопите во следните стандардни агли:
Подесување на вертикалниот агол на закосување
(погледнете ги сликите L1–L2)
В
ертикалниот агол на закосување може да се постави во
граници од 0° до 45°.
– Олабавете го затегнувачкиот лост 39.
– Целосно извлечете ја граничната водилка 18 нанадвор.
– За фиксирање на подесливата гранична водилка
повторно затегнете го затегнувачкиот лост 39.
–Олабавете ја затезната рачка 21.
–Рачката на апаратот навалете ја на дршката 1 додека
показателот на агли 40 не го прикаже саканиот агол на
закосување.
– Држете ја рачката на апаратот во оваа позиција и
повторно затегнете ја затезната дршка 21.
За брзо и прецизно подесување на стандарден агол 0°
и 45° на куќиштето има крајни граничници.
–Олабавете ја затезната рачка 21.
– Навалете го кракот на алатот на рачката
1 до крај
надесно (0°) или до крај налево (45°).
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 21.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување (види слика M)
– За ставање во употреба притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување 27 и држете го притиснат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 27 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Само со притискање на лостот 3 кракот на алатот може да
се спушти надолу.
– За сечење, дополнително кон активирањето на
прекинувач
от за вклучување/исклучување 27, мора да
го притиснете лостот 3.
Исклучување
– За Исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 27.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
Секогаш затегнете ги копчето за фиксирање 11 и
затегнувачката дршка 21 пред сечењето. Инаку
листот на пилата може да се заглави во делот што се
обработува.
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
листот на пилата во ниеден момент нема да ја допре
граничната водилка, столарските стеги или другите
делови на уредот. Извадете го евентуално
монтираниот помошен граничник или соодветно
подесете го.
Проверете дали осцилаторната заштитна хауба може
правилно да функционира и дали може слободно да се
движи. Кога го водите кракот на алатот надолу, мора да ја
отворите осцилаторната заштитна хауба. Кога го водите
кракот на алатот нагоре, осцилаторната заштитна хауба
мора да се затвори преку листот за пилата и да се фиксира
во најгорната позиција на кракот на алатот.
Заштитете го листот за пилата од удари. Не го изложувајте
листот за пилата на страничен притисок.
Означување на линијата на сечење
(погледнете ги сликите N1–N2)
Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на листот
за пилата. Притоа, делот што се обработува може точно да
го позиционирате за сечење, без да ја отворате
заштитната хауба со повратен механизам.
–Притоа, вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот
28.
лево десно
0°
45° 30° 22,5° 15° 15° 22,5° 30° 45°
OBJ_BUCH-2325-002.book Page 242 Tuesday, June 23, 2015 9:26 AM