EasyManua.ls Logo

Bosch PCM 800S - Page 243

Bosch PCM 800S
310 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Македонски | 243
Bosch Power Tools 1 609 92A 1GN | (23.6.15)
Во зависност од саканиот правец, поставете ја
ласерската единица 20 со помош на лизгачот 50 кон
лево или кон десно. Притоа линијата на сечење може да
се прикаже со ласерски зрак, алтернативно од левата
или десната страна на листот на пилата.
Доколку линијата на сечење се прикаже со ласерскиот
зрак лево од листот за пилата, насочете ги ознаките на
делот што се обработува на десниот раб на линијата на
ласерот.
Доколку линијата на сечење се прикаже со ласерскиот
зрак десно од листот за пилата, насочете ги ознаките на
делот што се обработува на левиот раб на линијата на
ласерот.
Позиција на корисникот (види слика O)
Не се поставувајте во една линија со листот за
пилата пред електричниот апарат, туку секогаш
странично од листот за пилата. На тој начин, вашето
тело е заштитено од можен повратен удар.
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални делови за обработка:
Минимални делови за обработка (= сите делови што се
обработуваат, што може да се затегнат со столарска стега
19 лево или десно на листот на пилата):
100 x 40 мм (долж
ина x ширина)
макс. длабочина на резот (0°/0°): 50 мм
Сечење без влечење (отсекување) (види слика P)
За сечење без повлекување (мали парчиња за
обработка) олабавете го лостот за фиксирање 32,
доколку тој го заглавува механизмот за влечење 31.
Ставете го кракот на алатот до крај во правец на
граничните водилки 18 и 7 за да го фиксирате
механизмот за влечење повторно притиснете го
наназад лостот за фиксирање.
Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
Поставете го саканиот агол на косо сечење.
Вклучете го електричниот апарат.
Притиснете на лостот 3 и полека водете го надолу
кракот на алатот со рачката 1.
–Сеч
ете го делот што се обработува со ист притисок.
Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
–Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Сечење со влечење
За сечење со помош на механизмот за влечење 31
(широки делови за обработка) олабавете го лостот за
фиксирање 32, доколку го заглавува механизмот за
влечење.
Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
Поставете го саканиот агол на косо сечење.
–Поместете го кракот на алатот од граничните водилки 7,
додека листот за пилата не дојде пред делот што се
обработува.
Вклучете го електричниот апарат.
Притиснете на лостот 3 и полека водете го надолу
кракот на алатот со рач
ката 1.
Сега притиснете го кракот на алатот во правец на
граничните водилки 7 и сечете го делот што се
обработува со рамномерен притисок.
Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
–Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Подесување на граничникот за длабочина
(сечење на жлеб) (види слика Q)
Граничникот за длабочина мора да го поместите, доколку
сакате да исечете жлеб.
–Свртете го граничникот за длабочина 25 кон надвор.
Притиснете на лостот 3 и навалете го кракот на алатот
во саканата позиција.
–Свртете ја завртката за подесување 24 додека крајот на
завртката не го допре граничникот за длабочинa 25.
–Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Менување на плочата за вметнување (види сликаR)
Црната плоча за вметнување 10 може да се истроши по
подолга употреба на електричниот апарат.
Променете ја дефектната плоча за вметнување.
Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
Одвртете ги завртките за прицврстување 51 со клучот
со внатрешна шестаголна глава 38 и извадете ја старата
плоча за вметнување.
Ставете ја новата плоча за вметнување и повторно
затегнете ги завртките за прицврстување 51.
Обработка на профилни лајсни
Профилните лајсни може да се обработуваат на два
различни начини:
Понатаму, независно од ширината на профилната лајсна,
може да сечете со или без повлекување.
Секогаш проверете го поставениот агол на закосување
најпрво на отпадно дрво.
Агол на косо сечење Висина x ширина
хоризонтално вертикално
65 x 220 мм
45° 0°
65 x 155 мм
4
40 x 220 мм
45° 45°
40 x 155 мм
поставено спроти граничната
водилка
плоснато лежејќи на масата за
пила
OBJ_BUCH-2325-002.book Page 243 Tuesday, June 23, 2015 9:26 AM

Related product manuals