EasyManua.ls Logo

Bosch TR4000 - Опис На Производот; Отпакување; Поставување

Bosch TR4000
124 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Поставување
TR4000 | TR4000R – 6720876021 (2022/04)
70
H Безбедност на електричните
уреди за домашна употреба и
слични намени
Со цел да се избегнат опасности,
важат следниве спецификации во
однос на EN 60335-1:
«Овој уред можат да го користат деца
над 3-годишна возраст, како и лица со
намалени физички, сетилни или
ментални способности, или пак без
искуство и знаење, земајќи предвид
дека се под надзор или добиваат
упатства како безбедно да го користат
уредот и ги разбираат опасностите
што произлегуваат од употребата.
Децата не смеат да си играат со
уредот. Чистењето и одржувањето не
смеат да се изведуваат од страна на
деца без да бидат под надзор.»
«Доколку се оштети кабелот за струја,
истиот мора да го замени
производителот или сервисна
служба, или пак друго квалификувано
лице со цел да се избегнат
опасностите што произлегуваат од
замената.»
Внимателно прочитајте го овој
прирачник со упатството за
монтажа и за употреба и потоа
постапувајте во согласност со него!
Зачувајте го за идна употреба.
2 Поставување
Инсталирајте го проточниот бојлер како што е опишано
во илустрираниот дел. Следете ги упатствата во текстот.
2.1 Отпакување
Проверете го новиот апарат од оштетувања при
транспорт!
Ве молиме исфрлете го пакувањето, и ако е возможно,
исфрлете го стариот апарат на еколошки начин.
Обем на испорака (Fig.
(Fig. 1)
1. Куќиште
2. Монтирање (3 навртки, 3 завртки за монтирање )
3. Индикатор за работа
(само на TR4000 6 EB и TR4000 8 EB)
4. Држач за прицврстување
5. Држач за инсталација
6. Туш-глава
7. Документација
2.2 Опис на производот
Електричниот проточен бојлер е соодветен за затворени
(херметички) конекции. Ја загрева водата што минува низ
апаратот.
Проточниот бојлер се вклучува и ја загрева водата кога е
отворена славината за топла вода. Се исклучува при
затворање на славината.
Апаратот не смее да работи со претходно загреана вода,
бидејќи во спротивно ќе откаже заштитата од прегревање.
Ова упатство за инсталација и упатството за употреба
опишуваат различни модели на апаратот:
Апарати над лавабо:
TR4000 6 EB и TR4000 8 EB:
за фиксен електричен приклучок
Апарати под лавабо:
TR4000 4 ET и TR4000R 4 ET: со штекер за конекција
TR4000 5 ET, TR4000 6 ET и TR4000 8 ET:
за фиксен електричен приклучок
Само за трајно инсталирани апарати: Апаратот е во
согласност со IEC 61000-3-12.

Table of Contents

Other manuals for Bosch TR4000

Related product manuals