❏ Ако се оштети приклучокот, заменете го целиот кабел или консултирајте се со
квалификуван електричар. Ако има осигурувачи во приклучокот, заменете ги со
осигурувачи со правилна големина и рангирање.
❏ Користете заземјен приклучок што соодветствува на кабелот за напојување на печатачот.
Не користете приклучок со адаптер.
❏ Избегнувајте да користите електричен приклучок којшто се контролира со ѕидни
прекинувачи или автоматски тајмери. Ненадеен прекин на напојување може да избрише
вредни информации од меморијата на компјутерот и печатачот.
❏ Погрижете се да нема прашина на штекерот.
❏ Погрижете се да го вметнете приклучокот целосно во електричниот штекер.
❏ Не ракувајте со приклучокот со влажни раце.
❏ Исклучете го печатачот од ѕид и побарајте помош од квалификуван сервисер во следните
случаи:
A Кога кабелот за напојување или приклучокот се оштетени или изгорени.
B Ако се истурила течност во него.
C Ако бил изложен на дожд или вода.
D Ако не работи нормално кога се следат инструкциите за работа. Прилагодете ги само оние контроли
кои се покриени со инструкциите за работа бидејќи неправилно прилагодување на други контроли
може да резултира во оштетување и честопати изискува напорна работа на квалификуван техничар за
да го врати печатачот во нормална работа.
E Ако паднал или апаратот е оштетен.
F Ако покажува значителна промена во изведбите што посочува на потреба од сервисирање.
❏ Избегнувајте заеднички приклучок со други уреди.
❏ Поврзете ја целата опрема со правилно заземјени приклучоци за напојување. Избегнувајте
да користите приклучоци во исто коло како фотокопири или системи за контрола на
воздухот кои редовно се вклучуваат и исклучуваат.
❏ Поврзете го печатачот за ел. приклучок кој ги исполнува побарувањата за напојување на
овој печатач. Побарувањата за напојување на печатачот се посочени на етикетата што е
залепена на печатачот. Ако не сте сигурни кои се спецификациите за ел. снабдување во
вашата област, контактирајте со локалната компанија за снабдување со ел. енергија или
консултирајте се со застапникот.
Epson AcuLaser CX17 Series Safety Information Guide
Безбедносни упатства 2