❏ Почекајте барем еден час пред да ја користите касетата за тонерот откако сте ја преместиле
од ладна во топла средина за да спречите оштетување од кондензацијата.
❏ Не складирајте ја касетата за тонерот на место со директна сончева светлина, прашина,
солен воздух или корозивни гасови (како амонијак) за да постигнете најдобар квалитет при
печатењето. Избегнувајте локации со екстремни или нагли промени во температурата или
влажноста.
❏ Не дозволувајте работ на хартијата да се лизга врз вашата кожа бидејќи работ на хартијата
може да ве исече.
Безбедносни информации
Безбедност за озонот
Емисија на озон
Озонски гас се генерира со LED печатачи како нуспроизвод при процесот на печатење. Озонот
се произведува само кога печатачот печати.
Ограничување на изложување на озон
LED Epson печатачот произведува помалку од 3 мг/ч озон при непрекидно печатење.
Минимизирање ризик
Треба да ги следите следните услови за да го минимизирате ризикот од изложување на озон:
❏ Употреба на повеќе LED печатачи во затворен простор
❏ Работа во услови на исклучително ниска влажност
❏ Слаба вентилација на просторијата
❏ Долго, континуирано печатење заедно со кое било од горе посоченото
Местоположба на печатачот
Печатачот треба да се постави така што генерираните издувни гасови и топлина:
❏ Нема да дуваат директно во лицето на корисникот
Epson AcuLaser CX17 Series Safety Information Guide
Безбедносни упатства 7