❏ Прилагодувајте ги само оние контроли што се опфатени во инструкциите за работа.
Неправилно прилагодување на другите контроли може да резултира во оштетување и ќе
изискува поправка од страна на квалификуван сервисер.
❏ Не исклучувајте го печатачот:
- По вклучувањето на печатачот, почекајте додека не се појави Ready на LCD-екранот.
- Додека сијаличката Data трепка.
- Додека печати.
❏ Избегнувајте да ги допирате компонентите во печатачот освен ако не сте упатени да го
сторите тоа во ова упатство.
❏ Следете ги сите предупредувања и упатства посочени на печатачот.
❏ Не обидувајте се сами да го сервисирате овој печатач освен како што е специфично
објаснето во документацијата на печатачот.
❏ Периодично исклучувајте го приклучокот од електричниот штекер и чистете ги сечивата.
❏ Не исклучувајте го приклучокот додека работи печатачот.
❏ Ако печатачот нема да се користи долго време, исклучете го приклучокот од електричниот
штекер.
❏ Исклучете го печатачот од ѕид пред чистење.
❏ Користете добро исцедена крпа за чистење и не користете течност или аеросолни средства
за чистење.
Ракување со потрошни производи
❏ Не горете ги искористените потрошни производи бидејќи можат да експлодираат и да
повредат некого. Фрлајте ги во согласност со локалните регулативи.
❏ Чувајте ги потрошните производи подалеку од дофат на деца.
❏ Кога ракувате со касетата за тонер, секогаш ставајте ја на чиста, рамна површина.
❏ Не обидувајте се да ја менувате касетата за тонерот или да ја расклопувате.
❏ Не допирајте го тонерот. Секогаш држете го тонерот подалеку од очите. Ако тонерот се
налепи на кожата или облеката, исперете го со сапун и вода веднаш.
❏ Ако тонерот се истури, земете метла и лопатче или крпа натопена со сапун и вода и
исчистете го. Не користете правосмукалка бидејќи ситните честички може да предизвикаат
оган или експлозија ако дојдат во контакт со искра.
Epson AcuLaser CX17 Series Safety Information Guide
Безбедносни упатства 6