EasyManua.ls Logo

LG FH2U2HDN Series - Сортирање Алишта

LG FH2U2HDN Series
341 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
17
Сортирање алишта
1
Погледнете ја етикетата за грижа на вашите
алишта.
Тука ќе најдете информации за составот на
ткаенината на вашата облека и начинот на
перење.
Симболи на етикетата за грижа.
Температура на перење
Нормално машинско перење
Трајно пресувани
Нежни
Рачно перење
Не се пере
2
Сортирање алишта
За да добиете најдобри резултати,
сортирајте ги алиштата според тоа дали
можат да се перат во ист циклус на перење.
Различни ткаенини се перат на различни
температури и брзини на центрифуга.
Секогаш сортирајте ги посебно темните
од светлите алишта, и се разбира белите
алишта. Перете ги засебно бидејќи бојата
и влакненцата може да предизвикаат
менување бојата на белите и светлите
алишта. Ако е можно, не перете многу
извалкани алишта заедно со малку
извалкани.
Извалканост (Многу, Нормално, Малку)
Раздвојте ги алиштата според степенот на
изв
алканост.
Боја (Бели, Светли, Темни)
Раздвојте ги белите ткаенини од
обоените.
Влакненца (Алишта што испуштаат
влакненца, Алишта што собираат
влакненца)
Засебно перете ги алиштата што
испуштаат и алиштата што собираат
вла
кненца.
3
Грижа пред полнење.
Комбинирајте големи и мали парчиња
при полнењето. Прво ставете ги големите
парчиња.
Големите парчиња не смеат да бидат повеќе
од половина од вкупното полнење. Не
перете само по едно парче облека. Тоа може
да предизвика нерамнотежа во полнењето.
Додајте едно или две слични парчиња.
Проверете дали сите џебови се празни.
Предмети какви што се, клинови, шноли,
ќибрити, пенкала, парички и клучеви може
да ги оштетат и машината и вашите алишта.
Затворете ги патентите, копчињата и лентите
за да не се заплеткаат со другите алишта.
Истретирајте ги нечистотијата и дамките
претходно со тоа што ќе ги исчеткате
дамките со мала количина детергент
растворен во вода.
Проверете ги преклопите на флексибилниот
дихтунг (сив) и извадете ги малите предмети.
Проверете внатре во барабанот и извадете
ги сите предмети од претходното перење.
Извадете ги сите алишта или предмети
од флексибилниот дихтунг за да спречите
оштетување на алиштата и на дихтунгот.
МАКЕДОНСКИ

Table of Contents

Related product manuals