Македонски 41
Одржување
КОРИСТЕЊЕ НА ФУНКЦИЈАТА ЗА СУШЕЊЕ
Со сите опции за сушење освен со опцијата Time Dry (Време на сушење) се предвидува тежината на алиштата
за да се прикаже точното време на сушење и да се исушат целосно.
Погледнете ја листата подолу за да изберете соодветна опција за сушење во зависност од видот и
количеството алишта и од тоа колку влага сакате да содржат.
Режим на работа
Опција за
сушење
Употреба
Капацитет на полнење (kg)
Сушење памук Сушење синтетика
Автоматско
сушење
За плакар
Користете ја оваа опција за сушење
алиштата од памук, долна облека и лен.
5 kg 3 kg
Рачно сушење
Време на
сушење
Користете ја оваа опција за сушење
алишта за одреден временски период во
зависност од ткаенината, количеството
алишта и влагата.
30 ~ 270 мин. (за
зголемување од 30
минути).
30 ~ 270 мин. (за
зголемување од 30
минути).
ЗАБЕЛЕШКА
• Резултатите од сушењето може да се
разликуваат во зависност од избраниот циклус
на перење и типот/количеството алиштата.
• Доколку се избрани опциите за перење и
сушење, брзината на центрифугата автоматски
се нагодува за да се зголеми ефективноста на
сушењето.
• Ако сакате да ги исушите алиштата по рачно
перење, свртете го избирачот на циклус за да го
изберете циклусот на центрифуга и изберете ја
опцијата за сушење за најдобри резултати.
• Кога ќе заврши сушењето, може да остане
прав од сувата површина на облеката на
дијафрагмата како резултат на ефектот на
пеглање со којшто се спречува туткање на
алиштата. Правот ќе се измие со следното
перење. Освен тоа, може лесно да го отстраните
со влажна крпа или ткаенина.
ВНИМАНИЕ
• Не користете ја опцијата за сушење откако сте
нанеле средство за белење на база на хлор на
алиштата за време на циклусот на перење или
сушење. Во спротивно, алиштата може да ја
изгубат бојата или може да дојде до оштетување
на материјалот.
• Не користете ја функцијата за сушење за облека
со постава од крзно или облека од акриличен
материјал. На овој начин може да дојде до
намалување на ефективноста на функцијата за
сушење.
• Не допирајте ја внатрешноста на барабанот или
површината на машината за перење за време
на или веднаш откако ќе заврши сушењето
затоа што може да бидат жешки. Ова може да
предизвика изгореници.
WD80J5430AW_03588L-05_MK.indd 41 2015/12/18 14:49:49