96 | PEY 18/21/24 www.stiebel-eltron.com
ИНСТАЛАЦИЈА
Монтажа
Монтажа на ѕидниот држач
26�02�02�0972
Исцртајте ги дупките со помош на монтажниот шаблон.
При монтажа со приклучоци за вода на завршен ѕид,
дополнително мора да ги исцртате и дупките за при-
цврстување во долниот дел од шаблонот.
Направете ги дупките и прицврстете го ѕидниот држач
со 2завртки и 2типли (завртките и типлите не се
испорачани).
Монтирајте го приложениот навоен клин.
Монтирајте го ѕидниот држач.
Монтажа на кабелскиот ракавец
26�02�02�0950
Монтирајте го кабелскиот ракавец. Ако приклучни-
от кабел е >6mm², мора да ја зголемите дупката во
ракавецот.
Приклучување вода
!
Материјална штета
Изведете ги сите работи за приклучување вода и
монтирање според прописот.
26�02�02�0948
Задихтувајте ја и зашрафете ја дуплата нипла.
!
Материјална штета
Затворачкиот вентил во доводот за студена вода
не смеете да го користите за придушување на про-
токот.
Подготвување на задниот ѕид
!
Материјална штета
Доколку по грешка сте пробиле погрешна дупка
за кабелскиот ракавец, ќе мора да употребите нов
заден ѕид.
D0000041893
Прецизно пробијте го местото за кабелскиот ракавец.
Израмнете ги острите рабови со турпија.