www.stiebel-eltron.com PEY 18/21/24 | 99
МАКЕДОНСКИ
ИНСТАЛАЦИЈА
Монтажа
10.2.2 Приклучување струја на завршен ѕид
Совет
Со овој вид приклучување се менува видот на за-
штита на уредот.
Променете ја плочката со ознаки. Пречкртајте
ја ознаката IP 25 и означете го полето IP 24. Ко-
ристете пенкало.
!
Материјална штета
Доколку по грешка сте пробиле погрешна дупка
за кабелскиот ракавец, ќе мора да употребите нов
заден ѕид.
Исечете или пробијте чист отвор за спроведување во
задниот ѕид (за позиции види поглавја „Технички пода-
тоци / Димензии и приклучоци“). Израмнете ги острите
рабови со турпија.
Спроведете го кабелот низ ракавецот и приклучете го
на клемата за приклучување на мрежа.
10.2.3 Приклучување релеј за отфрлање товар
Во разводната табла вградете релеј за отфрлање товар во
комбинација со други електрични уреди, на пр., со елек-
трични уреди за греење со резервоар. Отфрлањето товар
следува при активирање на проточниот бојлер.
!
Материјална штета
Приклучете ја фазата, која го вклучува релејот за
отфрлање товар, на означената клема од клемата
за приклучување на струја во уредот (види поглавја
„Технички податоци / Шематски дијаграм“).
10.2.4 Водоводна инсталација на завршен ѕид
Совет
Со овој вид приклучување се менува видот на за-
штита на уредот.
Променете ја плочката со ознаки. Пречкртајте
ја ознаката IP 25 и означете го полето IP 24. Ко-
ристете пенкало.
26�02�02�0765
Монтирајте ги затките за вода со дихтунзи за да го за-
творите приклучокот во ѕидот.
Монтирајте соодветна притисочна арматура.
26�02�02�1006
Вклопете го долниот дел од задниот ѕид во горниот дел
од задниот ѕид.
Зашрафете ги приклучните цевки со уредот.
Прицврстете го задниот ѕид долу со две дополнителни
завртки.
!
Материјална штета
Доколку по грешка сте пробиле погрешна дупка
за кабелскиот ракавец, ќе мора да употребите нов
заден ѕид.
Прецизно искршете ги отворите за спроведување
во капата на уредот. Израмнете ги острите рабови со
турпија.
Навлечете го долниот дел од задниот ѕид под приклуч-
ните цевки од арматурата и вклопете го.
Зашрафете ги приклучните цевки со уредот.
10.2.5 Водоводна инсталација во ѕид, при замена на
уред
Ако постоечките дупли нипли на стариот уред стрчат само
околу 16mm од ѕидот, не можете да ги користите испора-
чаните дупли нипли.
Совет
Кај ова приклучување затворањето на доводот за
студена вода е можно само во домашната инста-
лација.
16
D0000041634
Задихтувајте ги и зашрафете ги приложените
продолжетоци.
Приклучете го уредот.