EasyManuals Logo

Stiga C 1.8 User Manual

Stiga C 1.8
Go to English
360 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Page #222 background imageLoading...
Page #222 background image
СОДРЖИНА НА ПАКУВАЊЕТО
Пакетот на машината содржи:
моторна единица,
лост,
ланец,
заштита за лостот;
плик со додатоци и документи.
ВАЖНО
Машината  се  доставува  со 
одвоени  лост  и  ланец  и  со  празен  резервоар  за 
масло. 
ВНИМАНИЕ!
Потпирањето и целата
монтажа треба да се извршат на цврста и рамна
површина со доволно простор за поместување
на машината и на амбалажата користејќи
секогаш соодветни алати.
Фрлањето на амбалажата треба да се изведува
во согласност со важечките локални закони.
МОНТИРАЊЕ НА ЛОСТОТ И ЛАНЕЦОТ
ВНИМАНИЕ!
Секогаш носете масивни
ракавици за работа кога ракувате со лостот и со
ланецот. Обрнете максимално внимание при
составување на лостот и ланецот за да не се
нарушат безбедноста и ефикасноста на
машината; во случај на несигурност,
контактирајте со дистрибутерот.
Пред да го склопите лостот, проверете дали е
поставена кочницата на ланецот; ова се постигнува
кога предната заштита за рацете се повлекува
потполно наназад наспроти телото на машината.
ВНИМАНИЕ!
Обезбедете машината да
не биде приклучена во штекер.
МАШИНА СО СТАНДАРДЕН ЛАНЕЦ
Извадете ја гумената заштита (1а) и отшрафете
го шрафот (1), извадете го картерот за да
пристапите до запците за влечење и до основата
на лостот (сл. 1).
Поставете го ланецот врз лостот, обрнувајќи
внимание и почитувајќи го правецот на движење;
ако крајот на лостот е опремен со запци за
одложување, внимавајте почетокот на влечењето
за ланецот да се вметне правилно во празнините
на запците (сл. 2).
Монтирајте го лостот (2) вметнувајќи ја кочницата
во жлебот, завртувајќи ја кон задниот дел на
машината и обвиткајте го ланецот околу запците
за пренос (сл. 3).
Проверете дали главата на ланецот (3) е правилно
вметната во соодветните отвори на лостот (сл.
4); во спротивен случај соодветно употребете
шрафцигер (4) за навртките на ланецот, сe до
комплетно вметнување на главата (сл. 5).
Поставете го повторно картерот без затегнување
на шрафот (1).
Завртувајте ги соодветно навртките на ланецот
(4) сe додека не добиете правилна затегнатост
на ланецот (сл. 5).
Држејќи го лостот подигнат, зашрафете го шрафот
(1) на картерот докрај со помош на приложениот
клуч и ставете ја одново гумената заштита (1а)
(сл. 6).
МАШИНА СО БРЗ ЛАНЕЦ
Отшрафете го ракофатот (11) и извадете го
картерот за да пристапите до запците за влечење
и до основата на лостот (сл. 1a).
Поставете го ланецот врз лостот, обрнувајќи
внимание и почитувајќи го правецот на движење;
ако крајот на лостот е опремен со запци за
одложување, внимавајте почетокот на влечењето
за ланецот да се вметне правилно во празнините
на запците (сл. 2).
Монтирајте го лостот (2) вметнувајќи ја кочницата
во жлебот, завртувајќи ја кон задниот дел на
машината и обвиткајте го ланецот околу запците
за пренос (сл. 3).
Поставете го повторно картерот без затегнување
на ракофатот (11). Проверете дали главата на
ланецот (3) е правилно вметната во соодветните
отвори на лостот (сл. 4); во спротивен случај
соодветно делувајте врз алката (12) за навртките
на ланецот, сe до комплетно вметнување на
главата (сл. 5a).
Или завртувајте ја алката (12) сe додека не
добиете правилна затегнатост на ланецот (сл. 5a).
Држејќи го лостот подигнат, зашрафете го докрај
ракофатот (11) (сл. 6a).
6 СОСТАВУВАЊЕ НА МАШИНАТА / ПОДГОТОВКА ЗА РАБОТА
MK
4. СОСТАВУВАЊЕ НА МАШИНАТА

Table of Contents

Questions and Answers:

Question and Answer IconNeed help?

Do you have a question about the Stiga C 1.8 and is the answer not in the manual?

Stiga C 1.8 Specifications

General IconGeneral
BrandStiga
ModelC 1.8
CategoryChainsaw
LanguageEnglish

Related product manuals