EasyManuals Logo

Stihl EVC 200 User Manual

Stihl EVC 200
192 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Page #181 background imageLoading...
Page #181 background image
Работа на температури под 4°C: SAE 10W-30
6 Чистење
6.1 Чистење на моторот
Изгасете го моторот.
Оставете го моторот да се излади.
Исчистете го моторот со влажна крпа.
Исчистете ги отворите за вентилација со
четка.
7 Одржување
7.1 Интервали за одржување
Интервалите за одржување зависат од
условите на околината и од работните
услови. STIHL ги препорачува следниве
интервали за одржување:
Пред секоја употреба:
Проверете го нивото на маслото, 7.2.
Проверете го филтерот за воздух, 7.3.
По првиот месец или по 5 работни часа:
Променете го моторното масло, 7.6.
На секои 3 месеци или по 25 работни часа:
Исчистете го филтерот за воздух, 7.4.
На секои 6 месеци или по 50 работни часа:
Променете го моторното масло,
7.6.
Проверете ги свеќичките, 7.5.
На секои 12 месеци или по 100 работни часа:
Да се направи проверка од страна на
овластен дистрибутер. STIHL го
препорачува овластениот дистрибутер на
STIHL.
7.2 Проверка на нивото на масло
Ставете го уредот STIHL на рамна
површина.
Изгасете го моторот.
Отшрафете ја шипката за мерење на
нивото на маслото (1) и исчистете ја со
крпа.
Шипката за мерење на нивото на
маслото (1) вметнете ја во отворот за
полнење, не зашрафувајте ја.
Извадете ја шипката за мерење на
состојбата на наполнетост на маслото и
прочитајте ја на мерната скала (2). Доколку
е потребно, дополнете моторно масло со
соодветна инка додека не се достигне
максималната состојба на наполнетост (3).
Зашрафете ја шипката за мерење на
нивото на маслото (1).
7.3 Замена на филтерот за
воздух
Изгасете го моторот.
Ставете го уредот STIHL на рамна
површина.
Исчистете го капакот и куќиштето на
филтерот за воздух со крпа.
Притиснете ги јазичињата (1).
Извадете го капакот (2).
Извадете го хартиениот филтер (3).
Проверете го хартиениот филтер (3).
Заменете го хартиениот филтер ако е
очигледно оштетен или многу извалкан.
Вметнете го хартиениот филтер (3).
Наместете го капакот (2) и притиснете го
додека јазичињата (1) не кликнат на своето
место.
7.4 Чистење на филтерот за
воздух
Исчистете го филтерот за воздух во
одредените интервали за одржување,
7.1.
Ако уредот STIHL го користите во услови на
прашина, филтерот чистете го почесто.
Изгасете го моторот.
Ставете го уредот STIHL на рамна
површина.
Исчистете го капакот и куќиштето на
филтерот за воздух со крпа.
Извадете го хартиениот филтер, 7.4.
6 Чистење македонски
0478-983-9945-A 181

Table of Contents

Questions and Answers:

Question and Answer IconNeed help?

Do you have a question about the Stihl EVC 200 and is the answer not in the manual?

Stihl EVC 200 Specifications

General IconGeneral
BrandStihl
ModelEVC 200
CategoryEngine
LanguageEnglish

Related product manuals