EasyManua.ls Logo

AEG BSE798380B - Page 552

AEG BSE798380B
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Чекор 7 Наполнете ја фиоката за вода со вода. Потрудете се да не остане средство за чистење бигор
во внатрешноста на фиоката за вода. Вметнете ја фиоката за вода.
Чекор 8 Кога функцијата ќе заврши, извадете ја длабоката тава.
Кога е вклучена функцијата, светилката е исклучена.
Кога ќе заврши отстранувањето на бигорот:
Исклучете ја печката. Кога печката ќе се олади, исушете
ја внатрешноста со мекa крпа.
Отстранете ја преостанатата вода
од фиоката за вода.
Оставете ја вратата на печката
отворена и почекајте додека
внатрешноста не се исуши.
Ако остатоците од бигор останат во печката после вадењето на бигор, екранот ве потсетува да ја
повторите постапката.
11.7 Потсетник за чистење бигор
Постојат два потсетници што ве потсетуваат да ја исчистите печката од бигор.
Потсетникот за чистење бигор не можете да го исклучите.
Тип Опис
Мек потсетник Ве потсетува да ја исчистите печката од бигор.
Силен потсетник Ве обврзува да ја исчистите печката од бигор. Доколку не го исчистите
апаратот од бигор кога е вклучен силниот потсетник, не можете да ги
користите функциите со пареа.
11.8 Начин на користење:
Плакнење
Пред да почнете:
Исклучете ја печката и почекајте додека не се олади. Извадете го дополнителниот прибор.
Чекор 1 Ставете ја длабоката тава на првата позиција на решетката.
Чекор 2 Наполнете ја фиоката за вода со вода.
Чекор 3 Изберете: Мени / Чистење / Плакнење.
Времетраење: околу 30 мин.
Чекор 4 Вклучете ја функцијата и следете го упатството на екранот.
Чекор 5 Кога функцијата ќе заврши, извадете ја длабоката тава.
Кога е вклучена функцијата, светилката е исклучена.
11.9 Потсетник за сушење
После готвењето со функција за греење на
пареа, дисплејот ве известува да ја
исушите печката.
Притиснете на ДА за да ја исушите
печката.
552 МАКЕДОНСКИ

Table of Contents

Related product manuals