Македонски | 157
u Конекторите (машки и женски) треба да се чуваат суви
и оддалечени од подот.
Приклучок на вода
u Почитувајте ги важечките прописи на Вашиот
снабдевач.
u Сите приклучни црева мораат да имаат соодветни
непропусни спојки.
u Доводното црево мора да биде со минимална
големина од 12,7mm (1/2").
u Уредот никогаш не треба да се користи споен директно
на водоводната мрежа без повратен вентил. Водата
што поминала низ повратниот вентил повеќе не е
исправна за пиење.
u Високопритисното црево не смее да се користи ако е
оштетено (опасност од пукање). Оштетеното
високопритисно црево мора веднаш да се замени.
Користете само црева и спојки коишто ги препорачува
произведувачот на уредот.
u Високопритисните црева, фитинзи и спојки се важни
за безбедно ракување со уредот. Употребувајте само
црева, фитинзи и спојки коишто ги препорачува
произведувачот на уредот.
u За напој користете само чиста или филтрирана вода.
Примена
u Пред употреба проверете дали уредот и
дополнителната опрема се во фунционална состојба и
дали се безбедни за употреба. Не користете го уредот
доколку не е во одлична состојба.
u Не насочувајте го млазот кон себе или кон други со цел
за чистење на облеката или обувките.
u Не користете го уредот со течни растворувачи,
неразредени киселини, ацетон или други средства
како бензин, разредувачи или горивна нафта, бидејќи
нивните испарувања се лесно запалливи, експлозивни
и отровни.
u Доколку уредот се користи на места со намалена
безбедност (на пример на нафтно преточувалиште)
следете ги соодветните безбедносни мерки.
Употребата е забранета на места на коишто постои
опасност од експлозија.
u Уредот мора да стои на цврста подлога.
u При употреба во затворено обезбедете доволна
проветреност. Пред секое чистење осигурајте се дека
уредот е исклучен (моторот згаснат).
u Уредот се употребува држејќи го со обете раце. Не
работете на скали. На балкони и други издигнати
површини работете така да секогаш можете да ги
видите сите агли.
u Користењето на други средства за чистење или
хемикалии може да ја загрозат безбедноста на
машината.
u Сите компоненти во работниот простор коишто
пренесуваат струја мора да бидат заштитени од
прскање на вода.
u При користењето на уредот, прекинувачот пиштолот
не смее да биде заглавено на позицијата ON.
u При употреба на средствата за чистење под висок
притисок можат да настанат аеросоли. Вдишувањето
на аеросоли е штетно по здравјето.
u Покриените млазници можат да ја загрозат
ефикасноста на аеросолите. Ако е неопходно, носете
хемиско-техничко заштитна (ХТЗ) опрема, на пример
наочари или маска што штити од прскање на вода,
честички или аеросоли.
u Некои предмети можат да отскокнат поради високиот
притисок на млазот. Ако е потребно, носете лична
заштита, на пример заштитни наочари.
u Автомобилските гуми и нивните вентили се чистат на
оддалеченост од најмалку 30цм. Во спротивно
високиот притисок на млазот може да ги оштети. Прв
знак на оштетување на гума е промена на бојата.
Оштетените автомобилски гуми и нивните вентили се
опасни по живот.
u Не прскајте азбестни и други материјали коишто се
штетни по здравјето.
u Никогаш не користете го уредот без филтер или со
оштетен или валкан филтер. Користењето на уредот
без филтер, или со оштетен или валкан филтер, може
да ја поништи гаранцијата.
u После долга употреба, металните делови можат да се
вџештат. По потреба носете заштитни ракавици.
u Избегнувајте перење со вода под висок притисок при
лоши временски услови, на пример кога постои ризик
од грмотевици.
u Носете соодветно заштитно одело од прскање на вода.
Не работете со уредот во близина на луѓе коишто не
носат заштитно одело.
Ракување
u Ракувачот мора да ракува со производот во склад со
прописите. При ракувањето со уредот мора да ги земе
пред вид конкретните услови. При работата мора да
внимава на другите личности, а посебно на децата.
u Уредот може да го употребуваат само личности коишто
се обучени за работа со уредот и коишто можат да
приложат потврда за тоа. Уредот не смеат да го
употребуваат деца и млади.
u Не дозволувајте им на деца, личности со ограничени
физички, сензорни или психички ограничувања и/или
недостаток на знаење или на личности незапознаени
со ова упатство да го употребуваат уредот. Локалните
прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
u Децата треба да бидат под надзор да не си играат со
уредот.
u Вклучениот уред никогаш не треба да биде оставен без
надзор.
u Високопритисниот млаз вода којшто излегува од
пиштолот предизвикува отфрлање на раката. Затоа
пиштолот и копјето за прскање треба да се држат
цврсто со двете раце.
Bosch Power Tools F 016 L94 123 | (22.11.2022)