158 | Македонски
u Никогаш не употребувајте го ротирачкиот додаток или
точкастиот сноп за чистење на моторни возила.
Транспорт
u Пред транспорт исклучете го и обезбедете го уредот.
Одржување
u Пред секое чистење, одржување или замена на
делови, искучете го уредот. Аkо уредот работи
приклучен на електрична мрежа, извадете го
напојниот кабел од утикачот.
u Поправките на уредот се вршат само во овластен Бош
сервис.
Додатна опрема и резервни делови
u Може да се користат само додатна опрема и резервни
делови одобрени од произведувачот на уредот.
Оригиналната додатна опрема и оригиналните
резервни делови гарантираат дека уредот може да се
користи безбедно и без расипување.
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Ве молиме проучете ги
симболите и нивното значење. Точната интерпретација
на симболите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го
користите уредот.
Ознака Значење
Правец на движење
Ознака Значење
Правец на реакција
Тежина
Вклучено
Исклучено
Lo Низок притисок
Hi Висок притисок
Опрема
Опис на производот и употребата
Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања и упатства.
Непочитувањето на безбедносните
предупредувања и упатства може да доведе
до електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Видете ги илустрациите на крајот на упатството.
Употреба со соодветна намена
Уредот е наменет за чистење на површини и објекти на
отворено, за опрема, возила и пловила, под услов да се
користи соодветен прибор и средства за чистење
Работната температура изнесува меѓу 0°C и 40°C.
Овој производ не е наменет за професионална употреба.
Технички податоци
Високопритисна пералка EasyAquatak 100 EasyAquatak 110 EasyAquatak 120
Број на артикл
3 600 HA7 E.. 3 600 HA7 F.. 3 600 HA7 9..
Номинална јачина kW 1,1 1,3 1,5
Влезна тепература макс. °C 40 40 40
Прилив на вода мин. l/min 5,5 5,5 5,9
Дозволен притисок MPa 10 11 12
Номинален притисок MPa 6,7 7,4 8
Проток l/min 4,5 4,7 5,4
Максимален влезен притисок MPa 1 1 1
Аутостоп функција ● ● ●
Тежина согласно EPTA-Procedure
01:2014
кг 3,3 4,2 4,7
Заштитна класа
/ II / II / II
Сериски број Види го серискиот број (сервисна плочка) на уредот
Податоците важат за номинален напон [U] од 240 Волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во
зависност од изведбата во односната земја.
F 016 L94 123 | (22.11.2022) Bosch Power Tools