EasyManua.ls Logo

Bosch Professional D-tect 150 - Page 178

Bosch Professional D-tect 150
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
178 | Македонски
1 609 92A 4G0 | (22.08.2018) Bosch Power Tools
Режимот на метар на примерот ја прикажува истата
ситуација како на сликатаD: три железни прачки на исто
растојание. Во режимот на метар може да се одреди
растојанието меѓу средините на пронајдените објекти.
Под приказот за дозволената длабочина на дупчење(l) се
задава стартната точка од повлечената мерна линија, во
примерот 20,1cm.
Во малата мерна прачка преку приказот за режим на
работа(h) трите пронајдени објекти се прикажуваат како
правоаголници.
Напомена: Приказот на дозволената длабочина на
дупчење(l) како и карактеристиките на материјалот(m)
се означуваат во сензорот на црно прикажаниот објект.
За да вратите во стандарден екран за прикажување,
кратко притиснете на копчето за избор(10) или(12).
Напомена: Се менува само приказот, а не мерниот
режим!
Мени Поставки
За да го отворите менито Поставки, притиснете на
копчето за подесување(14).
За да го напуштите менито, притиснете на копчето за
старт(11). Се преземаат поставките избрани до овој
момент. Се активира стандардниот екран за
прикажување за мерниот процес.
Навигирање во менито
Притиснете на копчето за подесување(14), за да лизгате
надолу.
Притиснете на копчињата за избор(10) и(12), за да ги
изберете вредностите:
– Со копчето за избор(10) ја избирате десната одн.
следната вредност.
– Со копчето за избор(12) ја избирате левата одн.
претходната вредност.
<Language> (Јазик)
Во менито <Language> (Јазик) можете да го промените
јазикот за водење на менито. Фабрички е поставено
<English> (Англиски).
<Cut-off time> (Време на исклучување)
Во менито <Cut-off time> (Време на исклучување)
можете да поставите одредени временски интервали, по
кои мерниот уред треба автоматски да се исклучи, ако не
се прават мерења или поставки. Фабрички е поставено
<5 min> (5 min).
<Display illumination> (Oсветленост на екранот)
Во менито <Display illumination> (Oсветленост на
екранот) можете да поставите временски интервал, во
кој екранот (16) ќе биде осветлен. Фабрички е
поставено <30 sec> (30 sec).
<Brightness> (Осветленост)
Во менито <Brightness> (Осветленост) можете да го
поставите степенот на осветленост на екранот. Фабрички
е поставено <Max> (Максимум)
<Tone signal> (Звучни сигнали)
Во менито <Tone signal> (Звучни сигнали) можете да
поставите кога мерниот уред да даде звучен сигнал, под
услов да не сте го исклучиле со копчето Звучен
сигнал(13).
– Фабрички е поставено <Wallobjects> (Ѕидни
објекти): звучен сигнал има при секое притискање на
копчиња и секогаш кога под подрачјето на сензорот се
наоѓа ѕиден објект. Дополнително кај спроводниците
под напон се дава предупредувачки сигнал со кратка
звучна секвенца.
– При поставката <Live wire> (Струен кабел) се дава
звучен сигнал при секое притискање на копчиња и
предупредувачки сигнал за спроводници под напон
(кратка звучна секвенца), ако мерниот уред покажува
струен кабел.
– При поставката <Keyclick> (Кликнување на
копчињата) се дава звучен сигнал само при едно
притискање на копче.
<Defaultmode> (Стандарден режим)
Во менито <Defaultmode> (Стандарден режим) можете
да го поставите режимот на работа, кој по вклучување на
мерниот уред ќе биде стандарден. Фабрички е поставен
режимот на работа <Universal mode> (Универзален
режим).
Мени Дополнителни поставки
За да го отворите менито Дополнителни поставки,
притиснете, само кај исклучен мерен уред, истовремено
на копчето за подесување(14) и копчето за вклучување-
исклучување(15).
За да го напуштите менито, притиснете на копчето за
старт(11). Се активира стандардниот екран за
прикажување за мерниот процес и се преземаат
поставките.
Навигирање во менито
Притиснете на копчето за подесување(14), за да лизгате
надолу.
Притиснете на копчињата за избор(10) и(12), за да ги
изберете вредностите:
– Со копчето за избор(10) ја избирате десната одн.
следната вредност.
– Со копчето за избор(12) ја избирате левата одн.
претходната вредност.
<Device Info> (Информации за уредот)
Во менито <Device Info> (Информации за уредот) се
даваат информации за мерниот уред, на пр. за
<Operation Time> (Работни часови).
Во менито <Restore Settings> (Враќање на поставките)
можете да вршите враќање на фабричките поставки.
Примери за мерни резултати
Напомена: Во следните примери на мерниот уред е
вклучен звучниот сигнал.