EasyManua.ls Logo

Bosch Professional GWX 18V-15 C - 116.1.9 Функции на поврзување; 116.2 Совети при работењето; 116.2.1 Грубо брусење; 116.2.2 Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза

Bosch Professional GWX 18V-15 C
427 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
306 | Македонски
Приказ за статусот на
електричниот алат (29)
Значење/Причина Решение
жолто Достигната е критичната температура или
батеријата е речиси празна
Оставете го електричниот алат да работи во
празен од и да се олади или наскоро
заменете ја одн. наполнете ја батеријата
свети црвено Електричниот алат е прегреан или
батеријата е празна
Оставете да се олади електричниот алат или
заменете ја одн. наполнете ја батеријата
трепка црвено Исклучувањето при пречки, заштитата од
рестартирање или исклучувањето при удар
се активирале
Исклучете го и повторно вклучете го
електричниот алат
трепка сино Електричниот алат е поврзан со мобилен
уред или поставките се пренесуваат
Функции на поврзување
За поврзување со Bluetooth® Low Energy модул GCY42 на
располагање ги имате следните функции на поврзување
за електричниот алат:
Регистрирање и персонализирање
Проверка на статусот, издавање на пораки за
предупредување
Општи информации и подесувања
Управување
За информации за Bluetooth® Low Energy модулот GCY42
прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Поврзувањето на електричниот алат со апликацијата
мора да се потврди со притискање на копчето Претходно
избирање на број на вртежи (26) на кориснички
интерфејс (4). Апликацијата го бара тоа при
поврзувањето.
Совети при работењето
u Електричниот алат со активиран Bluetooth
®
Low
Energy модул GCY 42 е опремен со радио
интерфејс. Треба да се внимава на локалните
оперативни ограничувања, на пр. во авиони или
болници.
u Во предели каде Bluetooth®-радио технологијата не
смее да се користи, мора да се исклучат Bluetooth®
Low Energy модулот GCY42 и копчестата батерија.
u Внимавајте на процепите во носечките ѕидови
„Напомени за статика “.
u Затегнете го делот што се обработува, доколку не
налегнува сигурно со својата тежина.
u Не го оптоварувајте многу електричниот алат,
додека не дојде во состојба на мирување.
u По силното оптоварување, оставете го
електричниот алат уште неколку минути во празен
од, за да се излади.
u Електричниот алат не го користете со држач за
сечење.
u Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Доколку електричниот алат се полни електростатички,
инсталираната електроника го исклучува електричниот
алат. Одново притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (5), за да може повторно да го користите
електричниот алат.
Грубо брусење
u Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење
за грубо брусење.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо
брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето.
Поместувајте го електричниот алат напред и назад со
умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема
да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има
бразди.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема)
може да обработувате заоблени површини и профили.
Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг
рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски
температури при брусењето отколку вообичаените
брусни плочи.
Сечење на метал
u При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
(12).
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не
навалувајте и не осцилирајте.
Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што
излегуваат со страничен противпритисок.
Електричниот алат
секогаш мора да се води
во спротивен правец на
движење. Инаку постои
опасност, тој
неконтролирано да се
истисне од резот.
При сечење на профили и
четириаголни цевки,
најдобро е да поставите на
најмалиот пресек.
1 609 92A 4ZT | (13.08.2019) Bosch Power Tools

Table of Contents

Other manuals for Bosch Professional GWX 18V-15 C

Related product manuals