EasyManua.ls Logo

Bosch PTS 10 T - Page 270

Bosch PTS 10 T
351 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
270 | Македонски
1 609 92A 3VE | (15.5.17) Bosch Power Tools
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
листот на пилата во ниеден момент нема да ги допре
граничниците или другите делови на уредот.
Користете го електричниот апарат за правење
жлебови или засеци само со соодветен заштитен
уред (на пр. тунелска заштитна хауба).
Не го користете електричниот апарат за правење
процепи (жлебови во делот што се обработува).
Не обработувајте парчиња коишто содржат клинци,
завртки или други метални предмети. Електричниот
апарат е предвиден само за сечење на дрво. Пред
сечењето, извадете ги сите предмети од друг материјал
од делот кој го обработувате. Инаку постои опасност од
пожар.
Секогаш користете вшмукувач за прав.
Заштитете го листот за пилата од удари. Не го изложувајте
листот за пилата на страничен притисок.
Клинот за расцепување мора да биде во права линија со
листот за пилата, за да се избегне заглавување на делот
што се обработува.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за поставување
на паралелниот граничник.
Секогаш ч
увајте ја подвижната водечка летва на
електричниот апарат.
Означување на линијата на сечење
На тркалезната жолта налепница 6 исцртајте ја
дебелината на листот за пилата.
Притоа, делот што се обработува може точно да го
позиционирате за сечење, без да ја отворате
заштитната хауба.
Позиција на корисникот (види слика H)
Не се поставувајте во една линија со листот за
пилата пред електричниот апарат, туку секогаш
странично од листот за пилата. На тој начин, вашето
тело е заштитено од можен повратен удар.
Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкиот лист за пилата.
Притоа внимавајте на следниве напомени:
Држете го цврсто делот што се обработува со двете
дланки и притиснете го на масата за пила, особено кога
работите без граничник. (види слика I)
За тесни парчињ
а и при сечење на вертикални агли на
закосување секогаш користете ја испорачаната
подвижна водечка летва 22 и дополнителниот
граничник 7. (види слика J)
Максимални димензии на делот што се обработува
Сечење
Сечење на прави резови
Поставете го паралелниот граничник 8 на саканата
ширина на резот. (види „Подесување на паралелните
граничници“, страна 269)
Поставете го делот што се обработува на масата за
пилата пред заштитната хауба 5.
Подигнете го или спуштете го листот за пилата со
курблата 12 нагоре или надолу, така што горните запци
на пилата ќе стојат околу 5 mm над горната површина
на делот што се обработува.
Напомена: Осигурете се дека заштитната хауба е
правилно позиционирана. При сечењето, таа секогаш
мора да биде на делот што се обработува.
Вклучете го електричниот апарат.
–Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
Сечење на вертикални агли на закосување
Поставете го саканиот вертикален агол на закосување.
(види „Подесување на вертикалниот агол на
закосување“, страна 269)
Следете ги работните чекори во делот „Сечење на
прави резови“.
Поставување на растојанието поме
ѓу листот за пилата
и дополнителниот граничник на аголниот граничник
(види слика e2)
Растојанието помеѓу листот за пилата и дополнителниот
граничник 18 мора да изнесува најмалку 15 mm.
Доколку дополнителниот граничник 18 се најде зад
линијата на сечење, олабавете ги двете завртки на сетот
за прицврстување 43.
–Поместете го дополнителниот граничник и повторно
затегнете ги завртките.
Сечење на хоризонтални агли на закосување со
фиксирани подвижни лизгачи
Поставете го саканиот хоризонтален агол на
закосување. (види „Подесување на хоризонталниот
агол на закосување“, страна 269)
Аголниот граничник мора слободно да се движи во
водечкиот жлеб 21 (лево или десно). По потреба
олабавете го копчето за фиксирање 42.
Следете ги работните чекори во делот „Сечење на
прави резови“.
Сече
ње на хоризонтални агли на закосување со помош
на подвижните лизгачи
Поставете го саканиот хоризонтален агол на
закосување. (види „Подесување на хоризонталниот
агол на закосување“, страна 269)
Свртете го лостот за блокада 24 надесно и извлечете ги
подвижните лизгачи 1 нанапред. (види слика B)
Поставете го делот што се обработува на масата за
пилата пред заштитната хауба 5.
Позиционирајте го аголниот граничник 16 пред делот
за обработка во левиот водечки жлеб 21. Фиксирајте ја
вертикален агол на
закосување
макс. висина на делот што
се обработува [mm]
75
45°
63
OBJ_BUCH-783-008.book Page 270 Monday, May 15, 2017 2:42 PM

Related product manuals