131МАКЕДОНИЈА
4. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
5. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
4.1 Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите
внатрешни додатоци со млака
вода и неутрален сапун за да се
отстрани карактеристичниот мирис
на новите производи, а потоа темелно
избришете ги.
ВНИМАНИЕ!
Не користете детергенти или
абразивни прашоци бидејќи
можат да ја оштетат политурата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
5.1 Замрзнување свежа храна
Преградата за замрзнување е погодна
за замрзнување на свежа храна и за
долгорочно чување на замрзната и
длабоко замрзната храна.
Максималното количество храна што
може да се смрзне за 24 часа е одредено
на плочката со спецификации.
1
Замрзнувањето трае 24 часа: во текот
на овој период не требa да додавате
друга храна за замрзнување.
5.2 Чување на замрзната храна
Кога за прв пат го вклучувате
апаратот или после подолг период
на неупотребување, пред да ставите
продукти во преградата, оставете го
апаратот да работи барем 24 часа
со Регулаторот на температура на
позиција за полно оптоварување.
ВНИМАНИЕ!
Во случај на случајно
одмрзнување, на пример
поради снемување струја, ако
немало струја подолго време
отколку под ставката „време
на одржување“ во табелата
за технички карактеристики,
одмрзнатата храна мора да
се изеде брзо или да се зготви
веднаш, а потоа повторно да
се смрзне (откако ќе се излади).
5.3 Отворање и затворање
на капакот
ВНИМАНИЕ!
Не влечете ја рачката со голема
сила.
Бидејќи капакот има гума што затвора
херметички, не е лесно повторно да
се отвори веднаш откако ќе се затвори
(поради вакуумот што се создава
внатре). Почекајте неколку минути пред
потворно да го отворите апаратот.
5.4 Корпи за складирање
Следната слика покажува колку
корпи може да се стават во
замрзнувачот.
Корпите ќе влезат една во друга.
1 Видете во „Технички податоци“