136 www.electrolux.com
9. МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
9.1 Поставување
ВНИМАНИЕ!
Ако расходувате стар апарат
што има брава на вратата,
мора да ја онеспособите за
да спречите мали деца да се
заробат внатре.
Овој апарат треба да биде поставен
внатре, на суво и добро проветрено
место, каде што околната температура
е соодветна на климатската класа
укажана на плочката со спецификации
на апаратот:
Климатска
класа
Температура на
околината
SN +10ºC до +32ºC
N +16ºC до +32ºC
ST +16ºC до +38ºC
T +16ºC до +43ºC
Може да дојде до појава на
одредени функционални
проблеми кај некои модели
доколку работат вон тој опсег.
Правилното работење може
да се гарантира само во
наведениот температурен опсег.
Ако се двоумите околу тоа
каде да се постави апаратот,
Ве молиме обратате се кај
продавачот, нашата служба за
корисниците или во најблискиот
сервисен центар
Приклучокот на апаратот ќе
биде достапен по местењето.
9.2 Поврзување на струја
• Пред да го приклучите, проверете
дали напонот и фреквенцијата
прикажани на плочката со
спецификации одговараат на
вашата домашна електрична мрежа.
• Апаратот мора да биде заземјен.
Приклучокот на кабелот за напојување
со струја е со вземјување. Ако
штекерот од домашната електрична
мрежа не е вземјен, поврзете го
апаратот со посебно вземјување во
согласност со прописите за електрична
енергија и откако ќе се посоветувате
со квалификуван електричар.
• Производителот одбива каква било
одговорност ако горенаведените
безбедносни мерки не се
испочитувани.
• Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ..
9.3 Потреби за проветрување
Протокот на воздух зад апаратот мора
да биде доволен.
• Ставете го замрзнувачот во
хоризонтална положба на тврда
подлога. Сандакот мора да стои на
сите четири ногарки.
• Внимавајте просторот меѓу апаратот
и задниот ѕид да е 5 cm.
• Внимавајте просторот меѓу апаратот
и страните да е 5 cm.