EasyManua.ls Logo

Nokia 6.2 - Device Care

Nokia 6.2
58 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Nokia 6.2 Упатство за корисникот
Вклучете го телефонот.
Ако екранот и копчињата на телефонот се заклучени, отклучете ги.
Поместете се на место со соодветна јачина на сигналот.
На почетниот екран, допрете на .
1. Внесете го официјалниот број за итни случаи што важи за местото каде што се наоѓате
во моментот. Броевите за итни повици се разликуваат според локацијата.
2. Допрете на .
3. Наведете ги потребните информации колку што е можно поточно. Не прекинувајте го
повикот додека не добиете дозвола да го направите тоа.
Можеби ќе треба да го направите и следново:
Да ставите SIM-картичка во телефонот. Доколку немате SIM-картичка, на заклучениот
екран допрете на Итен повик .
Доколку телефонот бара да внесете ПИН-код, допрете на Итен повик .
Исклучете ги ограничувањата за повици во телефонот, како што се забраните на повик,
фиксното бирање или затворената група.
Доколку мобилната мрежа не е достапна, може да се обидете да направите повик преку
интернет, ако имате пристап до интернет.
ГРИЖА ЗА УРЕДОТ
Внимателно ракувајте со уредот, батеријата, полначот и додатоците. Следниве предлози
помагаат да го одржите уредот во функција.
Чувајте го уредот сув. Врнежите,
влажноста и сите видови течности
или влага може да содржат минерали
што предизвикуваат корозија на
електронските кола.
Не користете го и не чувајте го уредот на
правливи или нечисти места.
Не чувајте го уредот на висока
температура. Високите температури
може да го оштетат уредот или
батеријата.
Не чувајте го уредот на ниска
температура. Кога уредот ќе се загрее
до својата нормална температура, во
внатрешноста на уредот може да се
формира влага и да го оштети.
Не отворајте го уредот на друг начин
освен онака како што е наведено во
упатството за корисникот.
Неодобрените модификации може да
го оштетат уредот и да ги прекршат
прописите кои важат за радиоуреди.
© 2021 HMD Global Oy. Сите права се задржани. 50

Table of Contents

Related product manuals