EasyManua.ls Logo

Philips AVENT SCF332 - Вовед; Општ Опис (Слика А)

Philips AVENT SCF332
188 pages
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Вовед
Честитки за купеното и добре дојдовте во Philips Avent! За целосно да ја искористите поддршката што ја нуди
Philips Avent, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
Пумпата за измолзување Philips Avent има уникатен дизајн кој ви овозможува да седите во поудобна положба
за време на измолзувањето. Мекото перниче за масажа* е дизајнирано да биде меко и топло и да го имитира
цицањето на вашето бебе за да се обезбеди проток на млекото - удобно и нежно. Пумпата за измолзување
започнува со нежен режим кој помага да се стимулира протокот на млеко. Потоа, можете да изберете еден од три
режими на смукање, според вашата лична удобност. Пумпата лесно се склопува и се користи, а сите делови кои
доаѓаат во контакт со мајчиното млеко се безбедни за миење во машина за миење садови.
Здравствените работници велат дека мајчиното млеко е најдобрата исхрана за бебињата во текот на првата
година, во комбинација со цврста храна по првите 6 месеци. Вашето мајчино млеко е специјално приспособено
за потребите на вашето бебе и помага да го заштитите вашето бебе од инфекции и алергии. Пумпата за
измолзување може да ви помогне подолго да доите. Можете да го измолзите и чувате млекото, така што вашето
бебе ќе може да ги ужива придобивките, дури и ако не можете да бидете таму за да му го дадете самата. Бидејќи
пумпата е компактна, тивка и дискретна за употреба, можете да ја понесете секаде, овозможувајќи ви да измолзите
млеко кога вам ви одговара и да ја одржувате продукцијата на млекото.
Оваа пумпа за измолзување е само за домашна употреба.
*Перничињата вклучени со оваа пумпа се дизајнирани за да одговараат комфорно на повеќето мајки. Сепак,
доколку е потребно, можете посебно да купите поголемо перниче.
Општ опис (Слика А)
Слика А. Броевите наведени подолу се однесуваат на броевите на сликата на предната преклопена страница
од овој прирачник за корисникот.
1 Дел со мотор со силиконско црево и капак*
2 Силиконска дијафрагма *
3 Тело на пумпата *
4 Перниче за масирање *
5 Капак *
6 Куќиште за батерии (само за единечна електрична пумпа за измолзување):
7 Копче за вклучување/исклучување
8 Копче за стимулација
9 Копче за мало смукање
10 Копче за средно смукање
11 Копче за длабоко смукање
12 Адаптер
13 Бел вентил *
14 Шише Philips Avent Natural *
15 Капак во форма на купола *
16 Прстен за навртување *
17 Цуцла *
18 Диск за дихтување *
*Забелешка: двојната електрична пумпа за измолзување се испорачува со по две парчиња од означените делови,
освен делот со моторот.
SCF332 вклучува: единечна електрична пумпа за измолзување (со 1 шише), перничиња за гради
SCF334 вклучува: двојна електрична пумпа за измолзување (со 2 шишиња), перничиња за гради, торбичка за патување
141
Македонски

Table of Contents

Related product manuals