EasyManua.ls Logo

Philips AVENT SCF332 - За Безбедноста И Здравјето На Вашето Дете; Пред Првата Употреба; Предупредување; Хранење

Philips AVENT SCF332
188 pages
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Хранење
Можете да го храните вашето бебе со мајчино млеко од шишињата и чашите за чување мајчино млеко на Philips
Avent.
За безбедноста и здравјето на Вашето дете
Предупредување
Предупредувања за избегнување повреди на деца:
- Секогаш користете шишиња и цуцли под надзор на возрасни лица. Не дозволувајте детето да си игра со мали
делови или да оди/трча додека користи шишиња или чаши.
- Цуцлите за хранење не смеат никогаш да се користат како цуцли за лажење, за да се избегне опасност од
задушување.
- Постојаното и долго цицање течности предизвикува расипување на забите.
- Секогаш проверувајте ја температурата на храната пред да го нахраните бебето за да се избегнат изгореници.
- Фрлете било кој дел при првите знаци на оштетување или ослабување.
- Сите делови што не се користат, чувајте ги надвор од дофатот на деца.
- Не треба да се прават измени на производот или неговите делови на каков било начин. Тоа може да
предизвика небезбедно функционирање на производот.
Мерки за претпазливост за да се избегне оштетување на производот:
- Да не се става во загреана рерна, пластиката може да се стопи.
- Својствата на пластичниот материјал може да бидат нарушени со дезинфекција и високи температури. Ова
може да влијае налегнувањето на капакот во форма на купола.
- Цуцлата за хранење да не се остава на директна сончева светлина, топлина или во средство за дезинфекција
подолго од препорачаното, затоа што ова може да го оштети производот.
Пред првата употреба
Пред првата употреба, расклопете ги сите делови, исчистете ги и, како опција, дезинфицирајте го шишето. Пред
секоја употреба треба да се проверат шишето и цуцлата за хранење и да се влече цуцлата за хранење во сите
насоки за да се спречи опасност од задушување. Фрлете ја при првите знаци на оштетување или ослабување.
Чистење шишиња
За да се обезбеди хигиена, пред секоја употреба чистете ги деловите од шишето спомнати во делот „Чистење“.
Исто така, чистете ги сите делови пред секое наредно користење. Како опција, можете да дезинфицирате следејќи
ги упатствата од делот „Дезинфекција (опционално)“.
Осигурете се дека рацете ви се темелно измиени и дека површините се чисти пред да се допрат со исчистените
делови. Преголема концентрација на детергенти може да предизвика пластичните делови да напукнат. Ако се случи
тоа, веднаш заменете ги. Пред секоја употреба треба да се проверат шишето и цуцлата за хранење и да се влече
цуцлата за хранење во сите насоки за да се спречи опасност од задушување. Фрлете било кој дел при првите знаци
на оштетување или ослабување.
149
Македонски

Table of Contents

Related product manuals