Доколку вашето бебе заспива за време на хранењето, почнува да се нервира или кога хранењето трае многу
долго, користете цуцла со поголем проток.
Цуцлите се достапни за 0m, 0m+, 1m+, 3m+, 6m+, променлив проток (I/II/III) и густа храна (Y).
(0) Цуцлата за 0m може да се користи од првиот ден. Екстра мека силиконска цуцла со најмалиот достапен
проток. Идеална за новороденчиња и доенчиња од сите возрасти. Бројот 0 е означен на цуцлата и таа има само
еден отвор за течности.
(1) Цуцлата за 0m+ е направена од екстра мек силикон. Идеална за новороденчиња и доенчиња од сите возрасти.
На цуцлата е прикажан бројот 1.
(2) Цуцлата за 1m+ е направена од екстра мек силикон. Идеална за доенчиња од сите возрасти. На цуцлата е
прикажан бројот 2.
(3) Цуцлата за 3m+ е направена од екстра мек силикон. За бебиња на возраст од 3 и повеќе месеци кои се хранат
од шише. На цуцлата е прикажан бројот 3.
(4) Цуцлата за 6m+ има силиконска цуцла отпорна на гризење. Поцврстата цуцла е идеална за бебиња на возраст
од 6 и повеќе месеци кои се хранат од шише. На цуцлата е прикажан бројот 4.
(I/II/III) Променлив проток: има силиконска цуцла отпорна на гризење. Поцврстата цуцла, со проток што може
да се нагодува според бебето, е идеална за бебиња на возраст од 3 и повеќе месеци кои се хранат од шише.
Цуцлата има еден прорез за течноста исечен на врвот и ознаки I, II, III на рабовите од цуцлата.
(Y) Густа храна: има силиконска цуцла отпорна на гризење. Поцврстата цуцла е дизајнирана за погуста храна и е
идеална за бебиња на возраст од 6 и повеќе месеци кои се хранат од шише. Цуцлата има отвор во форма на Y за
течноста и симбол Y на цуцлата.
Забелешка: Секое бебе е уникатно и индивидуалните потреби на вашето бебе може да се разликуваат од описот
на протокот.
Забелешка: Цуцлата (0) може да не е достапна во вашата земја, проверете на www.philips.com/avent.
Замена
Batteries
При користење на пумпата за измолзување (единечна електрична пумпа за измолзување) на батерии, секогаш
користете четири батерии AA од 1,5 V (или 1,2 V доколку користите батерии што можат повторно да се полнат).
Пред да ги полните, извадете ги батериите што можат повторно да се полнат од делот со моторот.
Извадете ги испразнетите батерии и безбедно отстранете ги, погледнете во делот „Рециклирање“. За упатства за
менување на батериите, погледнете во делот „Подготовка за употреба“.
Рециклирање
- Овој симбол означува дека овој производ не треба да се фрла заедно со обичниот отпад од домаќинствата
(2012/19/EU) (Сл. 28).
- Овој симбол означува дека овој производ содржи батерии за еднократна употреба кои не треба да се фрлаат
со обичниот отпад од домаќинствата (2006/66/EC) (Сл. 29).
- Придржувајте се до правилата во вашата земја за посебно собирање на електрични и електронски производи
и батерии. Правилното отстранување помага да се спречат негативни последици за животната средина и
здравјето на човекот.
151
Македонски