Проблем Решение
Чувствувам болка кога
ја користам пумпата за
измолзување
Прекинете да ја користите пумпата за измолзување и посоветувајте се со советник
за доење. Ако пумпата не излегува лесно од градата, можеби ќе биде потребно да
се ослободи вакуумот со ставање прст меѓу градата и перничето за масирање.
Пумпата за измолзување е
изгребана
При редовна употреба, нормална е појава на мали гребаници кои нема да
предизвикаат проблеми. Но, ако дел од пумпата за измолзување подлабоко се
изгребе или пукне, престанете да ја користите и јавете се во центарот за грижа на
корисници на Philips или посетете го веб-сајтот www.shop.philips.com/service за да
добиете резервен дел. Имајте предвид дека комбинации од детергенти, производи
за чистење, раствор за дезинфекција, омекната вода и промени во температурата
можат да предизвикаат пукање на пластиката во одредени услови. Избегнувајте
контакт со абразивни или антибактериски детергенти бидејќи можат да ја оштетат
пластиката.
Пумпата за измолзување
не работи, а копчето за
вклучување/исклучува ње
трепка.
Прво, проверете дали пумпата за измолзување е правилно склопена и осигурете се
дека цревото не е усукано.За да се спречат пречки, чувајте ги другите електрични
уреди, како мобилен телефон или лаптоп, подалеку од пумпата за измолзување
за време на измолзувањето.Ако ја употребувате единечната електрична пумпа
за измолзување со батерии, заменете ги батериите според упатствата од
Прирачникот за корисникот.Ако ја напојувате пумпата за измолзување од
електричната мрежа, осигурете се дека го користите адаптерот испорачан со
производот.Доколку проблемот останува, јавете се во центарот за грижа на
корисници на www.philips.com/support.
Не чувствувам смукање. Проверете дали пумпата за измолзување е правилно склопена со следење на
чекорите наведени во делот „Подготовка за употреба“. Осигурете се дека
силиконското црево е цврсто прикачено на делот со моторот и на капакот и
дијафрагмата.Исто така, осигурете се дека пумпата е правилно поставена на
градата за да се овозможи вакуум. Доколку и понатаму не чувствувате смукање,
јавете се во центарот за грижа на корисници на www.philips.com/support.
Пумпата премногу смука. Доколку почувствувате преголемо смукање од пумпата за измолзување, следете ги
упатствата наведени подолу:
- Осигурете се дека користите само делови за пумпата за измолзување Philips Avent
Comfort.
- Осигурете се дека ја склопивте пумпа за измолзување Comfort со перниче
за масирање: некористење на перничето за масирање може да резултира со
премногу вакуум.
- При користење на пумпата за измолзување за првпат, на почетокот може да го
доживеете нивото на смукање како превисоко. Вежбањето може да помогне.
Доколку проблемот останува, посоветувајте се со советник за доење.
153
Македонски