EasyManua.ls Logo

Stihl EVC 8000.0 - 7.6 Промена на моторно масло со испусна цевка за масло; 8 Технички податоци; 8.1 Вредност на емисијата на издувни гасови; 9 Резервни делови и прибор

Stihl EVC 8000.0
196 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Заменете ја свеќичката, 9.2:
Ако свеќичката (2) е кородирана.
Ако на изолаторот има пукнатини или
оштетувања.
Цврсто затегнете ја свеќичката (2) со рака.
Затегнете ја свеќичката (2) со клуч за
свеќичка.
Употребена свеќичка: 1/8 до 1/4 вртење.
Нова свеќичка: 1/2 вртење.
Цврсто притиснете го приклучокот за
свеќичката (1).
Проверете ја втората свеќичка на ист
начин.
7.6 Промена на моторно масло
со испусна цевка за масло
Топлото моторно масло се испушта брзо и
целосно.
Оставете го моторот да се загрее.
Испразнете го резервоарот.
Изгасете го моторот.
Ставете го уредот STIHL на рамна
површина.
ВНИМАНИЕ
Опасност од изгореници
Не допирајте ги жешките делови на
моторот.
Отшрафете ја шипката за мерење на
нивото на маслото (1), 7.2.
Отшрафете ја завртка (3) од испусната
цевка за масло (2) со два клуча, SW19 и
SW15.
Извадете ја завртката (3) и заптивниот
прстен (4).
Фрлете го заптивниот прстен (4).
Почекајте моторното масло целосно да се
исцеди во соодветен сад.
Ставете нов заптивен прстен (4) на
завртката (3).
Зашрафете ја завртката (3) во испусната
цевка за масло (2) и затегнете со 14 Nm.
Ставете свежо моторно масло, 5.2.
Зашрафете ја шипката за мерење на
нивото на маслото (1), 7.2.
8 Технички податоци
8.1 Вредност на емисијата на
издувни гасови
Вредноста на CO
2
што е измерена при
постапката на хомологација во ЕУ наведена е
на www.stihl.com/co2 во техничките податоци
за производот.
Измерената вредност на CO
2
е утврдена на
репрезентативен мотор според нормирана
постапка на проверка во лабораториски
услови и не претставува експлицитна или
подразбирачка гаранција во врска со
перформансите на одреден мотор.
Важечките прописи во врска со емисијата на
издувни гасови ќе бидат исполнети доколку се
придржувате до наменската употреба и
одржувањето што се опишани во ова
упатство за употреба. При измени на моторот
престанува дозволата за употреба.
9 Резервни делови и
прибор
9.1 Резервни делови и прибор
Овие симболи ги означуваат
оригиналните резервни делови
STIHL и оригиналниот прибор STIHL.
STIHL препорачува да се користат
оригинални резервни делови STIHL и
оригинален прибор STIHL.
И покрај постојаното набљудување на
пазарот, STIHL не може да ги процени
резервните делови и прибор од други
производители во однос на сигурноста,
безбедноста и соодветноста и STIHL не може
да гарантира за нивната употреба.
Оригиналните резервни делови STIHL и
оригиналниот прибор STIHL се достапни кај
специјализиран продавач на STIHL.
9.2 Важни резервни делови
Филтер за воздух: 0004 140 4406
Свеќичка: 0004 400 7002
македонски 8 Технички податоци
192 0478-983-9915-B

Table of Contents

Related product manuals