4.10 Складирање
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■
Децата не можат да ги препознаат или
проценат опасностите на косилката за
трева. Децата може сериозно да се
повредат.
►
Изгасете го моторот.
► Чувајте ја косилката за трева вон дофат
на деца.
■ Металните компоненти можат да
кородираат од влага. Косилката за трева
може да се оштети.
►
Чувајте ја косилката за трева чиста и
сува.
■ Ако косилката се чува на закосени
површини, можно е да се стркала. Луѓето
може да бидат повредени и може да се
предизвика материјална штета.
►
Складирајте ја косилката за трева само
на рамни површини.
4.11 Чистење, одржување и
поправка
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Ако моторот работи за време на чистењето,
одржувањето или поправката, луѓето може
да бидат сериозно повредени може да се
предизвика материјална штета.
►
Изгасете го моторот.
► Почекајте додека ножот не
престане да се врти.
► Извлечете го приклучокот за
свеќичката.
■ Ако моторот работи за време на чистење,
одржување или поправка, може ненамерно
да се вклучи погонскиот систем. Луѓето
може да бидат сериозно повредени и може
да се предизвика материјална штета.
►
Изгасете го моторот.
► Извлечете го приклучокот за
свеќичката.
■ По гасење на моторот, ауспухот и моторот
може да бидат жешки. Луѓето може да се
изгорат.
►
Почекајте да се изладат ауспухот и
моторот.
■ Јаките детергенти, чистењето со млаз вода
под притисок или со остри предмети може
да ја оштетат косилката за трева или
ножот. Ако косилката за трева или ножот не
се чистат правилно, компонентите може да
не функционираат правилно и може да се
оневозможат безбедносните уреди. Луѓето
може да бидат сериозно повредени.
►
Исчистете ја косилка за трева и ножот,
како што е опишано во ова упатство за
употреба, 15.1.
■
Ако косилката за трева или ножот не се
одржуваат правилно, компонентите може
да не функционираат правилно и може да
се оневозможат безбедносните уреди.
Луѓето може да бидат тешко повредени или
да загинат.
►
Заменете ги изабените или оштетените
делови.
► Ако косилката за трева треба да се
сервисира или поправи: Обратете се кај
овластен дистрибутер на STIHL.
►
Одржувајте го ножот како што е опишано
во ова упатство за употреба.
■ Кога се чисти, одржува или поправа ножот,
корисникот може да се пресече со острите
рабови за сечење. Корисникот може да се
повреди.
►
Носете работни ракавици изработени од
издржлив материјал.
■ Ножот може да стане жежок кога се остри.
Корисникот може да се изгори.
► Почекајте додека ножот не се олади.
► Носете работни ракавици изработени од
издржлив материјал.
5 Подготовка на косилката
за трева за употреба
5.1 Подготовка на косилката за
трева за употреба
Пред да започнете со работа, мора да се
извршат следниве чекори:
► Осигурете се дека следниве компоненти се
во безбедна состојба:
–
Косилката за трева, 4.6.1.
–
Ножот, 4.6.2.
►
Исчистете ја косилката за трева, 15.
►
Проверете го ножот, 10.2.
►
Поставете ја рачката, 6.1.
►
Ставете моторно масло, 6.3.
►
Отклопете ја рачката, 8.1.
►
Ставете гориво во косилката за трева, 7.
5 Подготовка на косилката за трева за употреба македонски
0478-111-9848-B 445